Бизнис

Сладиќ: Заедно со останатите компании во нашата индустрија и во партнерство со институциите ќе обезбедиме поволни услови за уште подинамичен развој

Што очекуваат од 2021 година?

Горан Сладиќ, генерален директор на Пивара Скопје:

Годината што е зад нас беше година на забрзано учење. Таа сите нас нѐ потсети на некои основни и многу значајни вредности, а тоа е како да се грижиме едни за други. Ние во „Пивара Скопје“ се потрудивме најдобро што можеме во грижата за нашите вработени. Направиме сè што е можно за да ги заштитиме нивното здравје, работните места и компанијата во целина со што го осигуривме нашиот натамошен одржлив развој. Застанавме рамо до рамо и со нашите купувачи, особено во Хо-ре-ка сегментот, а покажавме грижа и поддршка за најранливите категории од заедницата, како и за оние од првите линии на одбрана. Оптимисти сме дека 2021 година ќе биде година на закрепнување засновано на она што го научивме во текот на оваа криза, што ќе ни овозможи на сите постепено да ја победиме ковид-19 пандемијата. Соодветно на ваквите очекувања, во 2021 година „Пивара Скопје“, како никогаш досега, ќе продолжи да инвестира во заедницата и заедно со останатите компании во нашата индустрија и во партнерство со институциите ќе обезбедиме поволни услови за уште подинамичен развој.

ПРЕПОРАЧАНО