Бизнис

Наумоски: Годината 2021 ќе биде тешка година

Што очекуваат од 2021 година?

Сашо Наумоски, Генерален директор на Витаминка:

Годината 2021 ќе биде тешка година. Година на санација на економските удари од 2020 година. Во услови на криза се создаваат многу можности кои ги согледувавме годинава. Мора да се најде начин за развој и во услови на криза каква што ја имавме. Лекцијата со пандемијата нè научи дека секогаш треба да бидеме подготвени за непредвидливи ситуации. Нè научи да решаваме предизвици за кои никој не беше подготвен. Во такви услови, тимот во Витаминка успеа да изменаџира и да се адаптираме на новите услови.
Одговорот беше системски и структурен, така што и во најкритичните моменти производството непречено продолжи. Успеавме непречено да обезбедиме суровини и репроматеријали, како и достава на сите наши производи. Оваа криза исто така нè научи дека хуманоста мора да остане на прво место и затоа се насочивме кон помагање на институциите. Нема ништо поважно од тоа сите заедно да ја поминеме оваа пандемија со најмали можни последици бидејќи тоа е добро, пред сè, за населението, а потоа и за бизнис-секторот.

ПРЕПОРАЧАНО