Бизнис

Луфтханза со дополнително намалување на проекцијата за оваа година

блиц свет

Луфтханза, (Deutsche Lufthansa AG) по првичната најава за отпуштање на 20 илјади свои вработени поради ковид, овој месец со уште попесимистички најави за отпуштање на уште 20 илјади работници во најголемата европска авиокомпанија. Иако компанијата демантираше дека е донесена таква одлука, сепак ја потврди информацијата дека се приземјуваат дури 150 авиони од флотата која брои 760 авиони, што ги алармираше светските аналитичари сепак да прогнозираат нови отпуштања. Според информациите од компанијата, прогнозите за меѓународниот авионски сообраќај нагло се влошени по завршување на летната сезона, кога по краткото опоравување бројот на патници и идни резервации за авионски превоз нагло опаднал. Претходната претпоставка дека оваа година компанијата ќе успее да реализира 50 % од минатогодишните летови нема да се оствари, па сегашната прогноза според најавите ќе изнесува меѓу 20 % и 30 % од летовите минатата година. Компанијата целосно ги приземјува новите авиони од типот А380, како и авионите 340 - 600, а приземјувањето на целата флота ја намалува активната позиција на компанијата за 1,1 милијарди евра. 

ПРЕПОРАЧАНО