Бизнис

Шведскиот дигитален гигант Стилфронт го купи загрепскиот Нанобит за 148 милиони долари

блиц свет

Според договорот, трансакцијата ќе биде извршена во две транши со тоа што 78 % од Нанобит ќе бидат преземени во првата транша при што на досегашните сопственици ќе им бидат исплатени околу 100 милиони УСД; преостанатите 22 % ќе се трансферираат во втората транша по цена која ќе зависи од пазарните услови, без можност таа да надмине 48 милиони американски долари. И во двете транши договорено е 70 % од износот да се плати во готово, а останатите 30 % во новоиздадените акции на Стилфронт (Stillfront group). Нанобит е основана пред 12 години во Загреб од Алан Сумина и од Зоран Вучиниќ без капитал, без канцеларии и со само два компјутери. Денес Нанобит е присутна со своите игри во повеќе од 150 земји во светот, вработува 125 дизајнери и инженери и е една од најпосакуваните хрватски работодавци. Нанобит досега има објавено 10 апликации и 19 игри и има повеќе од 145 милиони преземања на нивните апликации во текот на досегашното работење. 

ПРЕПОРАЧАНО