Бизнис

Витаминка започна со извоз во Јапонија

блиц свет

Пласманот на производите на Витаминка на јапонскиот пазар следува по детално направено истражување на локалните пазарни специфики, присутната конкуренција и прехранбените навики и многубројните остварени средби со партнери од Јапонија низ саемите во светот, реализирани пред корона кризата. Витаминка има континуиран извоз во повеќе од 30 земји, а со вклучување на  јапонски пазар, кој е исклучително софистициран и пребирлив, реализацијата на странските пазари го продолжува трендот на зголемување и кон најдалечните дестинации. „Извезуваме во многу земји, со различни културни и прехранбени навики и различна структура на малопродажната индустрија од аспект на концентрација и формати, но извозот во Јапонија е посебно значаен затоа што овој пазар се издвојува со својот обем, високите квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики до кои успеавме да ги доближиме нашите производи. Се разбира, продорот што го направивме е резултат, пред сè на квалитетот на нашите производи, како и извозната стратегија што ја развиваме континуирано и што дава позитивни резултати“, истакна Љупчо Велески, директор на Секторот Извоз во Витаминка. 

ПРЕПОРАЧАНО