Page 1 - komora_01noemvri2024
P. 1

102

                                                                       godini
                                               КОМОРА НА ИДНИНАТА И ВАШ КОНСУЛТАНТ ВО БИЗНИСОТ
                                                     ЕУ И НИЕ !
                                                    https://www.mchamber.mk/
                                                Како активен учесник во процесот, повикуваме на:
                                                 - департизација на државните институции;
                                                 - разумно трошење;
                                                 - почитување на законите;
                       ПРАШАЊЕТО ЗА ИЗВОЗОТ Е И
                                                 - создавање на подобри услови за бизнис делување.

                        ПРАШАЊЕ НА ПАТРИОТИЗАМ





                      ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ ЗА ИЗВОЗ ПОЧНА

                           СО ОБУКИ, ИНТЕРЕСОТ ОГРОМЕН





















                (фото: https://www.freepik.com/)








                   Во период од еден и пол месец, 180 учесници успешно поминаа обуки преку 6 модули
                   и 7 тренинзи (еден модул двапати реализиран поради голем интерес) преку Институ-
                   тот за извоз и две програми „Како да започнете со извоз на меѓународни пазари“ и
                   „Извозен менаџмент“. Првата е наменета за компании кои сакаат да започнат извозни
                   активности, но немаат доволно знаења за да го направат тоа, а втората е за постојни
                   извозници кои сакаат да го унапредат своето работење и да го прошират опсегот на
                   земји/пазари на кои ќе ги пласираат своите производи.
                   За важноста на Институтот говоревме во едно од претходните изданија на овој ма-
                   газин (издание од 15 септември 2024 година). Во овој број, интенцијата е да се стави
                   акцент на уникатната вредност што ја имаат овие обуки за учесниците во испорака на
                   знаења и на вештини пренесени од истакнати домашни и странски експерти – неколку
                   претставници од академската фела и повеќето со работно искуство во приватниот
                   сектор со што се прави ефикасен спој на теоретски и на практичен пристап во изве-
                   дување на обуките.










                                                                             01 ноември 2024                      33
   1   2   3   4   5