Бизнис

Таргет трајно ја зголеми минималната „саатнина“ на 15 долари

блиц свет

Додека голем број сектори се соочуваат со предизвикот да обезбедат доволно работа за да не ги отпуштат своите вработени, секторот за дистрибуција и достава во САД веќе трет месец се бори за да ги задржи и да обезбеди нов прилив на вработени. ТАРГЕТ (Target Corporation) американскиот трговски гигант објави дека почнувајќи од јули ќе ја зголеми минималната „саатнина“ на своите вработени на 15 долари на час, нудејќи дополнителен еднократен „бонус за признавање“ од 200 американски долари на „вработените на линијата на продажба и во дистрибутивните центри кои се платени на  час“ за нивната работа за време на пандемијата на корона вирусот. „Сè што сакаме да направиме и да бидеме како компанија е изградено на основите во која централна улога во нашата стратегија ја имаат членовите на нашиот тим, нивната посветеност кон нашата цел и врската што ја создаваат со нашите потрошувачи“ – стои во соопштението на компанијата од каде што наведуваат дека новата платежна политика ќе влијае на 275 000 работници.

ПРЕПОРАЧАНО