Бизнис

По 84 години олимпус го напушти бизнисот со фотоапарати

Како што соопштија од компанијата, и покрај најдобрите напори да се зачува традицијата, „екстремно тешкиот пазар на дигитални фотоапарати“ се покажа дека повеќе не е профитабилен. Напредокот на камерите во паметни телефони е посочен како главниот фактор за екстремниот пад на пазарот за одделни камери поради што компанијата забележа загуби во последниве три години. Јапонската компанија ја направи својата прва камера во 1936 година по повеќегодишно производство на микроскопи. Златните години на ОЛИМПУС (Olympus) се сметаат седумдесеттите години од минатиот век кога компанијата практично доминира на пазарот за фотоапарати. Првиот бран на технолошки притисок кон крајот на минатиот век компанијата успешно го надминува, зафаќајќи пристоен дел од пазарот на современите дигитални апарати кои ги исфрлија од употреба апаратите со филм. Вториот бран на замена на посебните камери со оние на паметните телефони го намали пазарот на дигитални фотоапарати за 85 % во последнава деценија, што се смета за пресудно ОЛИМПУС да го напушти бизнисот. 

ПРЕПОРАЧАНО