Општество

д-р Борут Рончевиќ: Вложете во здравје, во знаење и во умеење

д-р Борут Рончевиќ

професор

„Битката“ со невидливиот КОВИД 19 продолжува. Секој како што знае и умее, со сите сили, е насочен кон оневозможување на овој вирус кој ги напаѓа виталните функции на организмот. Но, како што минува времето, сите треба да го прифатиме како реалност и да продолжиме со нормалното функционирање и живеење.

Секоја држава го искористи својот систем за соочување со корона вирусот. Некои системи не успеаја во тоа. Но, драго ми е што мојата држава, Словенија, многу успешно се справи со овој предизвик, како сосед на Италија – земја која што, на почетокот, беше најпогодена од „атакот“ на вирусот. Словенија, благодарение на успешно поставениот здравствен систем и дисциплина на населението со почитување на мерките - социјална дистанца, носење маска и редовно миење раце – беше на дното на листата погодени земји од корона атакот.

Системот функционира во сите сегменти. Така и во делот на образованието успешно продолжуваме во „битката“ со совладување на знаењето и науката. Нашите две високо-образовни институции – Факултетот за општествени примените студии (социјален менаџмент, интер-културен менаџмент, психосоцијален менаџмент и социологија) и Факултетот за медиуми (новинарство, стратешки комуникации) продолжуваат по патеката кон креирање успешни млади личности – најдобри експерти во својата област. Нашите студенти добиваат знаење компатибилно на потребите на науката или на стопанството. Знаењето не подразбира толеранција, туку дисциплина и секојдневна работа. Секојдневно, нашите професори и научен персонал ги следат најновите достигнувања во науката.

 

Многу наши студенти своето знаење го практикуваат во институции и компании ширум светот. Наученото на факултет го дополнуваат со практичното при работење. Поради ова, ние како високо-образовни институции, веќе подолго време помагаме нашите студенти, уште во текот на студирањето, да почнат со работа. На овој начин, всушност, прават идеална комбинација на учење и работа, односно се што ќе прочитаат од книгата да се обидат да му најдат практична примена.

Исто така, неколкучасовната работа во текот на денот, им овозможува да заработат „џепарац“ и да стекнат сериозно искуство, кое ќе биде нивниот плочник, база, основа за иден професионален развој. Зголемувањето на сумата што ја добива секој вработен по реален час ги зголеми и приходите. Секој студент со четири-часовно работно време дневно, може да заработи околу 500 евра, што овозможува нормално студентско живеење. Од друга страна, студентот ќе има доволно време да учи, да се дружи, да се социјализира и да ја истражува Словенија. Како факултети имаме одлична соработка со најголемиот студентски сервис, кој овозможува работно ангажирање на сите наши студенти кои имаат потреба и/или сакаат да работат во текот на студиите. Ние сакаме да им помогнеме на нашите студенти не само теоретски да го совладаат знаењето, туку да можат и практично да го искусат.

Паметниот човек, првично, ја осознава и се прилагодува на ситуацијата која го опкружува. Потоа, ја менува и ситуацијата и ја прилагодува на она што го посакува или очекува. Во оваа насока, одлучивме и ние да се прилагодиме на предизвикот Ковид 19, односно, доколку е потребно да овозможиме наставата да се одвива онлајн, преку дигиталните медиуми. Секој студент, без разлика на кое ниво на студии е запишан – додипломски, магистерски или докторски студии, доколку не е во можност физички да присуствува на настава, тогаш сите предавања ќе ги следи онлајн, на дистанца. Едноставно, сите се прилагодувамe и ја прифаќаме реалноста. И нашите професори ги приспособија предавањата за дигиталните медиуми, преку кои, всушност, сега и ги реализираме испитите. Пред извесно време, наш колега ја одбрани својата докторска дисертација преку интернет платформа. Ова, во ниту еден случај, не претставува ризик за намалување на квалитетот на наставата или на процесите на испитување и истражување. Секако, како образовна институција, квалитетот на настава, на знаење, на работа и на функционирање е на највисоко ниво.

Се во нашите институции мора и треба да функционира како рефлексија на функционирањето на државата Словенија. „Совладувањето“ на знаењето ќе овозможи негово подобрување и олеснување на секојдневниот живот.

Затоа, вложете во здравје, во знаење и во умеење.

ПРЕПОРАЧАНО