Општество

Претседателот Вучиќ и премиерот Хоти се согласија да го продолжат дијалогот помеѓу Белград и Приштина

11.07.2020 г.

ЗАЕДНИЧКО СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА И НА КАНЦЕЛАРКАТА НА СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА


Претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел во петок наутро организираа самит преку видео-конференциска врска со Александар Вучиќ, претседател на Србија, Авдулах Хоти, премиер на Косово, Жосеп Борел, висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика / потпретседател на Европската комисија и Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската унија за дијалогот помеѓу Белград и Приштина и други регионални прашања во врска со Западен Балкан.

Претседателот Вучиќ и премиерот Хоти се согласија да го продолжат дијалогот помеѓу Белград и Приштина, кој е суспендиран од ноември 2018 година. Европската унија ќе продолжи да го олеснува нивниот дијалог, со цел нормализирање на односите помеѓу Србија и Косово, со воспоставување на глобален, конечен и правно обврзувачки договор.

Претседателот Вучиќ и премиерот Хоти се согласија да ја продлабочат својата соработка во рамките на тековните активности во многу области предложени преку Берлинскиот процес, како важни мерки за градење доверба меѓу двете страни.

Учесниците разменија мислења за следните чекори од дијалогот, олеснет од ЕУ, помеѓу Белград и Приштина. Преговорите меѓу двете страни ќе започнат на 12 јули преку видео-конференциска врска и ќе продолжат на 16 јули со прва средба во Брисел. Нив ќе ги организираат високиот претставник Жосеп Борел и специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот помеѓу Белград и Приштина и други регионални прашања во врска со Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел ги охрабрија претседателот Вучиќ и премиерот Хоти да постигнат значителен напредок во преговорите во текот на наредните месеци.

Нормализацијата на односите помеѓу Косово и Србија неопходно за безбедноста и стабилноста на регионот и е од големо значење за перспективата за пристапување на двете земји во ЕУ. Затоа, претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел ќе останат посветени на ова прашање, ќе продолжат да им даваат поддршка, како на двете страни, така и на Европската унија и ќе бидат подготвени да организираат нов самит, доколку биде потребно во некоја подоцнежна етапа од преговорите.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано