Финансии / Банкарство

ММФ: Годинава светската економија ќе помине полошо одошто тоа изгледаше во април

24.05.2020г.

Меѓународниот монетарен фонд денес ги објави ревидираните проекции за светската економија во 2020 година. Се превидува дека глобалната економија ќе помине низ многу поголема турбуленција одошто тоа го покажуваа проекциите во април годинава. Падот на светската економија, којшто во април се предвидуваше да биде 3,0%, сега се проектира дека ќе изнесува 4,9%!

Од поодделните региони и земји, за евро-зоната се проектира продлабочување на падот на економската активност за 2,7 процентни поени, со што сега падот ќе биде двоцифрен и ќе изнесува 10.2%. Песимизмот на ММФ за германската економија е релативно мал, со оглед на тоа што априлската проекција е ревидирана надолу само за 0,8 процентни поени, но годишниот пад и понатаму останува значителен и ќе биде 7,8%. Позначаен дополнителен пад од 3,7 процентни поени се очекува за Италија, со што падот за цела 2020 година би достигнал 12,8%.

И американската економија не е поштедена од дополнително влошуваше на проекцијата. Со дополнителното продлабочување на падот за 2,1% ММФ проектира дека во 2020 година падот ќе биде двоцифрен и ќе изнесува 10,2%.

ПРЕПОРАЧАНО