Бизнис

Твитер воведе опција за работа од дома – засекогаш!

блиц свет

Со оваа одлука „Твитер“ (Twitter Inc) стана првата голема технолошка компанија што им овозможи на вработените, чии работни обврски тоа го дозволуваат, да работат од далечина на неодредено време, активности кои беа предизвикани од социјалното и физичко дистанцирање поради појавата на корона вирусот. Компанијата за социјалните медиуми соопшти дека нема да ги отвори повеќето канцеларии пред септември, а вработените можат да изберат дали воопшто ќе доаѓаат во објектите или ќе работат од дома. Мерките предвидуваат откажување на сите службени патувања, со многу мали исклучоци, исто така до септември оваа година, и откажување на сите физички состаноци во компанијата до крајот на годината. Пандемијата, која досега има заразено повеќе од 4,2 милиони луѓе на глобално ниво, доведе до строги рестриктивни мерки во повеќето земји со што го смени начинот на функционирање на деловните активности при што работата од дома се појави како нова нормалност во функционирањето на одредени бизниси. „Твитер“ вкупно брои околу пет илјади вработени и сè уште нема податок колку од нив имаат право на оваа опција. 

ПРЕПОРАЧАНО