Lifestyle

ИЛИНА АНГЕЛОВСКА – СКОПЈЕ ВО МОМЕНТОВ ЈА ДОЖИВУВА СВОЈАТА РЕНЕСАНСА

ИЛИНА АНГЕЛОВСКА

Диџеј име: Илина Ангел Возраст: 42 години

Стил: Tехно, есид и тек-хаус

Особен знак: Борец за природата, околината и животните

Резидент во: Минус 1, БКВ

Песна/албум на 2018 г.: Оригиналниот саундтрак на музиката за филмот „Викај ме по твоето име“ (Call Me By Your Name) – Руичи Сакамото/Суфјан Стивенс/разни музичари

Доктор ДЏ, ако твоите слушалки ги замениш со докторски, која е твојата дијагноза за пулсот на Скопје/Македонија?
Од аспект на културно-забавниот живот, Скопје во моментов ја доживува својата ренесанса. Конкуренцијата го збогати квалитетот. Отворањето нови места, разновидниот избор на гостувања, инвестирањето во концерти и културни настани ја подигнаа сцената на едно ново, повисоко ниво. Конечно почнаа да се поставуваат високи стандарди во озвучувањето и опремувањето во клубовите, што е алфа и омега за секој успешен настан. Покрај тоа, во изминатава деценија низ Скопје продефилираа сите позначајни имиња од светската музичка сцена, што кажува дека сме во чекор со останатите европски центри. Смешни ми се изјавите од типот „ништо не е како порано” и како имало супер атмосфера, а сега тоа е изгубено. Апсолутно нема да се согласам со тие констатации. Порано немаше критика, постоеја само 1 до 2 места за излегување и сите се собираа таму. Во моментов во Скопје постојат 5 ноќни клубови со квалитетна музичка програма, нови алтернативни и културни центри кои промовираат мултимедијални настани, видео, театар, перформанс, независни филмови, а тука е и МКЦ кој во последниве години се етаблираше како бастион за македонските бендови и нивна промоција. Од аспект на ДЏ можам да констатирам дека скопската публика е едуцирана, информирана и може да направи разлика што е квалитетна музика, а што шунд, барем во круговите каде што јас се движам.

Со еден збор, во каква Македонија сакаш да живееш во 2019 г.?
Свесна за животната средина.

ПРЕПОРАЧАНО