Lifestyle

СОЊА ИСМАИЛ ОГНЕНОСКА – СКОПЈЕ Е ЖИЛАВ ОРГАНИЗАМ

СОЊА ИСМАИЛ

Диџеј име: Соња Исмаил

Возраст: 37 години

Стил: Без прецизни рамки и ограничувања

Особен знак: Мајка на Ева, магистер по филозофија, поранешна новинарка во магазинот Форум и музичкото радио Канал 103, со години активна во граѓанскиот сектор, моментално работи во МКЦ

Омилени места за сет: Уживам во сите места каде што најчесто пуштам музика – Цреша, Круг, РадиоБар, Епицентар, Шорт Бас...

Песна/албум на 2018 г.? Бејби Шарк (Baby shark).

Доктор ДЏ, ако твоите слушалки ги замениш со докторски, која е твојата дијагноза за пулсот на Скопје/Македонија?
Скопје е жилав организам, и низ годиниве изгради силен имунитет на разно-разни болести, шундови и „шљам“. Некогаш потклекнува, но бргу успева да се наткрене со нова инфузија на младешка енергија, жед за квалитетна музика и современи културни трендови.
Постојат доволно многу сцени, колективи, но и силни индивидуалци кои се грижат за здравјето на Скопје. Скопје е never-ending (вечна) љубовна приказна и борба.

Со еден збор, во каква Македонија сакаш да живееш во 2019 г.?
СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано