Lifestyle

БОЈАН ЈАНЕВ – НАДЕЖ МИ ДАВА НОВИОТ БРАН НА ЕНТУЗИЈАСТИ

БОЈАН ЈАНЕВ АКА СОУЛ КЕЈС

Диџеј име: Соул Кејс (Soul Case)

Возраст: 23 години

Стил: Еклектичен

Особен знак: Жанровска разноликост

Резидент во: Сектор 909

Песна/албум на 2018 г.:
1. Компилација: Hunee – Hunchin‘ All Night
2. Албум: Nu Guinea – Nuova Napoli
3. EП: Madlaks, Hot Slot Machine – Dance Forever (Young Marco Reworks)

Доктор ДЏ, ако твоите слушалки ги замениш со докторски, која е твојата дијагноза за пулсот на Скопје/Македонија?
Можеме колку сакаме да се држиме неутрално и да се тешиме дека Скопје има квалитетен ноќен живот, но сметам дека не е така, дефинитивно има уште доста простор за подобрување. На Скопје, пред сѐ, му недостасува позитива и искрена енергија, насмевки и меѓусебна поддршка. На градот му треба и константност, пулсот екстремно варира, а знаци на живот се појавуваат привремено. Потенцијал има, но од различни причини само екстремно мал дел е искористен. Поддршка од државата за младите, па и постарите (партиски неопределените) никогаш не се давала, но некако веќе се навикнавме.
Покрај сѐ, знам дека можеме подобро. Надеж ми дава новиот бран на ентузијасти и тоа што во последната година има зголемување на соработката помеѓу артисти, екипи и промотори од различни генерации. Се надевам дека соработката ќе продолжи, ќе зајакне, па сите заедно да зачекориме напред и да ја ставиме домашната сцена на европската мапа.

Со еден збор, во каква Македонија сакаш да живееш во 2019 г.?
Прогресивна.

ПРЕПОРАЧАНО