Општество
ИНВЕСТИРАЊЕ ВО КРЕАТИВНИ ТАЛЕНТИ

Роберт Алаѓозовски
Авторот е книжевен критичар и докторант по културен менаџмент

Еден убав настан од 27 декември минатата година е повод во денешната колумна да ги спојам и темата на донаторството и светот на литературата. Имено, издавачката куќа „Темплум“ по деветти пат ја промовираше наградата „Новите!“, што се доделува за дебитантски прозен ракопис од автор кој воведува нови тенденции во книжевноста. Годинава тоа беше младиот поет Михајло Свидлерски (р. 1991г., Битола), магистер по право кому „Бело и црвено“ му е дебитантски (краток) роман. Покровител на паричниот дел од наградата е „Комерцијална банка“, а веќе неколку години по ред и Министерството за култура резервира средства за печатењето на наградената книга. Ова е одличен модел на застапување на јавниот интерес во општеството. Го нагласувам зашто и самиот учествував во создавањето на проектот во неговиот почеток, и упатен сум колку беше тешко да се убеди приватниот сектор да се вклучи во една ваква, „безинтересна“ донација, дури и кога се работи за мала сума. Колку „шампиони“ и „инсајдери“ се потребни преку кои одат мостовите на соработка. И колку им е нив тешко да ја одиграат пивотменската улога во сопствените редови. Но, токму постоењето на мал милион вакви соработки може на долг рок да ја спаси македонската култура. А македонската култура ни е битна поради идентитетот, поради духот на нацијата и на општеството и поради креативноста, иновативноста, критичкиот дух. 

 

Прочитајте повеќе во печатеното издание

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top