Интервјуа
ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ СЕКОЈДНЕВНО НА РАБОТА ДОАЃААТ ПОВЕЌЕ ОД 1.300 ЛИЦА

Интервју со Ебру Радевски
Генерален менаџер на Скопје сити мол

Госпоѓо Радевски, Вие сте генерален менаџер на Скопје сити мол. Во октомври минатата година, овој шопинг-центар прослави две години од отворањето. За почеток, може ли да нè потсетите на основните параметри на Скопје сити мол во однос на просторот што го зазема, бројот на продажни места, најголемите брендови што се застапени итн. Сумирајте ги и резултатите од првите две години од работењето.

Е. Радевски: Скопје сити мол е првиот модерен трговски центар во Македонија со концепт што ги обединува шопингот и забавата. Со гордост можам да потврдам дека слоганот „Сè што сакам” во изминативе две години постоење се покажа како вистинскиот избор на зборови кога некој сака да го објасни најголемиот трговски центар во Републикава.
Во бројки – 150 продавници со различни големини, хипермаркет на 4.500 м2, атрактивни ресторани и кафулиња со тераси, мултиплекси кино со 9 сали, детски центар. Сето тоа на 90.000 м2 вкупна градежна површина или 37.000 м2 вкупна закупна површина, што предвидува 1.300 паркинг-места за посетителите вклучувајќи повеќекатна гаража и едно подземно паркинг-ниво. Доколку почнеме да зборуваме за понудата на Скопје сити мол, таа вклучува врвни модни брендови, сервисни услуги, продажни места специјализирани за козметички производи, книжарница, концептуална куглана, продавница за електроника и опрема за домаќинство што се протега на 3.000 м2 и, она со што сме навистина горди, детски центар со редовна програма на активности.

 

Целото интервју прочитајте го во печатеното издание

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top