Е-Б-Ф-Б
ЕКСКЛУЗИВЕН ВЕБИНАР ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА МАКЕДОНИЈА2025

12.06.2020г.

Македонија2025 организира ексклузивен вебинар насловен „Претприемништво – Дали го имате она што е потребно за успех?“ (Entrepreneurism – Do You Have What It Takes?), кој ќе се одржи во четврток (18.06.2020), со почеток во 15:30 часот. Како говорници се јавуваат едни од нашите најуспешни иселеници со македонско потекло – Џон И. Битов, познат канадски бизнисмен, претседател и извршен директор на Obelysk, основач на NBA Toronto Raptors и Крис Павловски, основач и извршен директор на Rumble – прогласена за една од најбрзо растечките компании во Канада за 2019 година, како и основач на Cosmic Development. Интерактивната виртуелна дискусија ќе биде модерирана од Марта Арсовска Томовска, советник на премиерот на Србија и поранешен министер за информатичко општество и администрација на Македонија.

Вебинарот преку интерактивен разговор ќе се осврне на темата претприемништво. Патот на еден успешен претприемач е исполнет со многу успеси, падови и предизвици. Без разлика на околностите, потребно е брзо прилагодување и постојано учење. Дознајте дали ги имате особините на вистински претприемач и дали го имате она што е потребно за успех и долгорочен напредок.

Овој вебинар е дел од серијата обуки на Македонија2025 за пренесување на знаењето од светски реномирани компании за справување со кризата, чија цел е да се искористи капацитетот на нашите истакнати професионалци од дијаспората.

Повеќе информации за говорниците и РЕГИСТРАЦИЈА на следниотлинкОВДЕ.

 

За Македонија2025

 

Македонија2025 е меѓународна, независна, непартиска, непрофитна организација. Остануваме посветени на нашата мисија да помогнеме во создавањето на просперитетна економска клима во земјата и „посилна нација”, која ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството базирано на вредности.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top