Општество
АМБАСАДАТА НА ФРАНЦИЈА ИЗВЕСТУВА ЗА СВОИТЕ АКТИВНОСТИ КОИ ИМААТ ЗА ЦЕЛ ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА НАЈРАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ЛИЦА

соопштение

Во овој период на криза, амбасадата на Франција ве известува за своите активности кои имаат за цел да им се помогне на најранливите категории лица, но и да се обезбедат средства за дејствување и заштита на медицинскиот персонал.

За полесно справување со социјалните влијанија од кризата, амбасадата му додели грант на здружението „ЛГБТ Јунајтед Тетово“ кое беше во можност да дистрибуира повеќе од 200 пакети со храна, 100 маски за респираторна заштита и комплети за хигиена.

Амбасадата го поддржа и Црвениот крст на град Скопје обезбедувајќи помош за дистрибуција на 3.161 спакувани оброци, 2.450 комплети за хигиена и 2.350 други разни комплети кои беа поделени главно на лица со посебни потреби и семејства на самохрани родители.

Амбасадата, исто така, обезбеди поддршка за главните чинители на теренот, односно, предаде опрема за медицинскиот персонал на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје, маски N95 и лична заштитна опрема за еднократна употреба, којашто итно им беше потребна.

Покрај тоа, со поддршка од амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Универзитетската агенција за Франкофонија го прифати проектот на Медицинскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје и неговиот Институт за биохемија во рамките на меѓународниот повик за универзитетски иницијативи за борба против пандемијата КОВИД-19. Овој проект, во висина од 20.000 евра, ќе овозможи да се направат значителен број серолошки тестови и да се набави заштитна опрема за вработените во здравствениот сектор.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top