Е-Б-Ф-Б
АЛКАЛОИД ГО РЕАЛИЗИРАШЕ ПРОЕКТОТ ЗА ГАСИФИКАЦИЈА НА ЛОКАЛИТЕТОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ


Во согласност со планот за капитални вложувања за 2019 и за 2020 година, АЛКАЛОИД АД Скопје реализираше инвестициска активност за приспособување и за воведување природен гас на локалитетот Ѓорче Петров. Инвестициската активност е со вредност од 1 милион евра и опфаќа изведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли и санација на постојните инсталации.

Водејќи се од светските трендови за зголемување на енергетската ефикасност и за намалување на емисијата на стакленички гасови, стручните технички служби во компанијата – Инвестиции, Одржување и Енергетски менаџмент – изготвија план и решение за воведување на природниот гас на локалитетот. Извршена e набавка и пуштање во употреба на два нови парни котли и горилници со ниско количество на NOx-гасови од светски реномираните производители Viessmann и Saacke, изработени во согласност со последните технолошки и инженерски достигнувања. Новоинсталираната опрема се карактеризира со исклучително висока енергетска ефикасност и искористеност на природниот гас, а направена е и модернизација на котларата, која опфаќа автономно работење од 72 часа без присуство на персонал.

Со воведувањето на природниот гас во индустриските и енергетски капацитети на локалитетот Ѓорче Петров, се создаваат услови за негово максимално искористување, за поголема економичност во вкупната потрошувачка на енергенси во компанијата и за намалување на трошоците за одржување на постојната опрема.

Како општествено одговорна компанија, која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните, АЛКАЛОИД придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгите еколошки стандарди во целост.

Во согласност со планот за капитални вложувања за 2019 и за 2020 година, АЛКАЛОИД АД Скопјереализираше инвестициска активност за приспособување и за воведување природен гас налокалитетот Ѓорче Петров. Инвестициската активност е со вредност од 1 милион евра и опфаќаизведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли исанација на постојните инсталации.Водејќи се од светските трендови за зголемување на енергетската ефикасност и за намалување наемисијата на стакленички гасови, стручните технички служби во компанијата – Инвестиции,Одржување и Енергетски менаџмент – изготвија план и решение за воведување на природниот гасна локалитетот. Извршена e набавка и пуштање во употреба на два нови парни котли и горилницисо ниско количество на NOx-гасови од светски реномираните производители Viessmann и Saacke,изработени во согласност со последните технолошки и инженерски достигнувања.Новоинсталираната опрема се карактеризира со исклучително висока енергетска ефикасност иискористеност на природниот гас, а направена е и модернизација на котларата, која опфаќаавтономно работење од 72 часа без присуство на персонал.Со воведувањето на природниот гас во индустриските и енергетски капацитети на локалитетотЃорче Петров, се создаваат услови за негово максимално искористување, за поголема економичноство вкупната потрошувачка на енергенси во компанијата и за намалување на трошоците заодржување на постојната опрема.Како општествено одговорна компанија, која се грижи за животната средина и за здравјето награѓаните, АЛКАЛОИД придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгитееколошки стандарди во целост.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top