Е-Б-Ф-Б
УНГАРИЈА И КИНА ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРУГАТА БУДИМПЕШТА – БЕЛГРАД

блиц свет

Со договорот, чии детали според новите правила на Унгарија остануваат тајна, Кина ќе обезбеди заем од над 1,7 милијарди евра – кредит за финансирање на изградбата на железничка линија меѓу Будимпешта и Белград. Заемот има рок на отплата од 20 години, каматна стапка од 2,5 проценти, грејс период од пет години и можност за предвремена отплата. Со овој износ е предвидено да се покрие 85 % од финансиската конструкција на проектот вреден 2 милијарди евра, а останатите 15 % Владата на Унгарија ќе ги обезбеди од сопствени средства. Пругата е со должина од 150 километри и се очекува да биде готова до 2025 година. Инвестицијата е дел од амбициозната кинеска иницијатива „Појас и пат“ предвидена за поврзување на Кина со Европа и го претставува првиот голем кинески инфраструктурен проект во ЕУ. Пругата меѓу Будимпешта и Белград претставува дел од поголемиот проект за железничко поврзување на пристаништето Пиреја во Атина со Централна и Западна Европа, железничка линија која треба да минува и низ Северна Македонија. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top