Е-Б-Ф-Б
МЕГА ТУНЕЛ ВРЕДЕН СЕДУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ГЕРМАНИЈА И ДАНСКА

блиц свет

Иако првично стартот на изградбата беше закажан за средината на оваа година, поради справувањето со пандемијата ковид-19, изградбата на најдолгиот подводен транспортен тунел во светот ќе започне да се гради на самиот почеток од 2021 година. Тунелот е долг 18 километри и ќе ги поврзува Германија и Данска преку електрична железница со два колесека, како и автопат со четири ленти. Проектот е целосно заокружен уште во 2015 година, со проценета цена на чинење од 7 милијарди евра според цените од 2015 година. Во 2029 година се очекува да почне да работи железницата, а една до две години подоцна и автопатот. Мега тунелот, кој се наоѓа под теснецот Фехмарн, ќе ги поврзува данскиот остров Лоланд со германскиот остров Фехмарн и ќе овозможи брзина на транспорт од 10 минути за автомобили и седум минути за возовите. Во моментов, на траектите кои ја вршат оваа улога им требаат по 45 минути за да го поминат теснецот и најмалку уште 15 минути за примање и испуштање на патниците и на стоката.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top