Општество
АЛКАЛОИД ДОНИРАШЕ ПОВЕЌЕ ОД 10 МИЛИОНИ ДИНАРИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ, „Д-Р МИЛАН ЈОВАНОВИЌ – БАТУТ“ ВО СРБИЈА


Нашиот фармацевскиот гигант Алкалоид донираше материјали за дијализа на институтот за јавно здравје „д-р Милан Јовановиќ – Батут во Србија. Целта на оваа донација е да се подобрат условите за работа на медицинските работници во услови на пандемија, како и да се подобри третманот на пациентите со дијализа во Републија Србија. Вкупниот износ на донацијата е 10.483.600,00 милиони динари.

Алкалоид од почетокот на годината на здравствените установи во Македонија и во регионот по разни основи донираше повеќе од 300 илјади евра. Донациите беа за набавка на реагенси, лекови, апарати, средства за хигиена итн. Покрај во Македонија и Србија од почетокот на април, Алкалоид реализираше донации и во Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Во ситуација кога сите светски економии се оставени сами на себе и се борат да ги ублажат ефектите од новата економска криза, когазагубите на работни места е неизбежен дел од таа сурова реалност, ретки се компаниите што можат да ги надминат овие предизвици и да помогнат во овие тешки времиња. Свесни сме за тешката состојба во коja се наоѓаат здравствените системи во услови на пандемија и напорите што ги прават здравствените работници за одржување на здравјето и на човечки животи. Како компанија чиј слоган е „Здравјето пред се“ би сакале да им оддадеме посебна почит на здравствените работници, на медицинските сестри, на хигиеничарите, на вработените во маркетите, на фармацевтите и техничарите во аптеките, на транспортерите, напекарите и на сите оние кои ги ризикуваат своите животи за ние другите непрекинато да функционирање“, рече Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на управниот одбор на Алкалоид.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top