Општество
Конзуларното одделение, вклучително и Визното во Германската амбасада, се затвора

16.03.2020 година

Како последица на прогресивното ширење на корона-вирусот (ковид-19), Конзуларното одделение, вклучително и Визното во Германската амбасада, се затвора веднаш на неопределено време за нормален проток на посетители. Сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин.

Ако имате исклучиво германско државјанство и Вашиот германски пасош и/или лична карта ќе стане невалиден во следните два месеца или веќе е неважечки, Ве молиме да нѐ контактирате по мејл на info@skopje.diplo.de.  Ве молиме со мејлот да приложите копија од Вашиот пасош и/или лична карта.

Амбасадата ќе информира на нејзината веб-страна www.skopje.diplo.de, штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top