Е-Б-Ф-Б
ВАЖНОСТА НА ЕДИНСТВЕНИОТ ПАЗАР ЗА ДОЛГОРОЧЕН РАСТ И РАЗВОЈ


ПСМ Фондација започна со имплементација на проектот „Промовирање на мултилатерален дијалог и соработка со граѓанскиот сектор, јавните власти, бизнис секторот и медиумите за побрзо прилагодување кон единствениот пазар“, финансиран од проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“. Проектот се спроведува во партнерство со медиумите www.ekonomijaibiznis.mk и www.opserver.mk .

Главна цел на проектот е промоција на придонесот на граѓанскиот сектор кон долгорочен одржлив раст преку забрзување на патот на земјата кон единствениот пазар. Специфичните цели на проектот вклучуваат:

- Подигнување на свеста за придобивките, влијанието и важноста на единствениот пазар за подобрување на растот и конкурентноста на националната економија;

- Јакнење на соработката со чинителите за промовирање на можностите за единствениот пазар за потрошувачите и бизнисите

- Промовирање на усогласување за единствениот пазар преку креирање на документи за политики

Целните групи на проектот вклучуваат: граѓански организации, медиуми, претставници од властите, мали и средни претпријатија како и стартапи.

Во рамки на проектот кој ќе се спроведува во времетраење од 12 месеци предвидени се повеќе активности:

- Креирање на национална кампања за подигнување на свеста за придобивките од единствениот пазар

- Организирање на тематски работилници за граѓанските организации

- Следење и придонесување кон политиките за подобри можности за потрошувачите и бизнисите

Спроведените активности се очекува да резултираат со организирани тематски работилници и регионална конференција, креирани видеа, инфографици и брошура за единствениот пазар, публикувани написи и документи за јавни политики. Овие резултати ќе придонесат кон активно вклучување на граѓанскиот сектор за забрзување на патот на земјата кон единствениот пазар, информирање на јавноста и зголемување на јавната свест за значењето на единствениот пазар, и подобро разбирање на клучните процеси за интегрирање на земјата кон ЕУ и усогласување со единствениот пазар.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top