Убава Македонија
НЕВРОНАУКАТА Е ЕДНАКВА НА РЕВОЛУЦИЈА

Николаос Димитриадис
ко-автор на книгата Невронаука за лидери

д-р Димитријадис, овие денови членови на менаџментот од Одборот на доверители на М6 Едукативен центар кој се состои од врвни компании во земјава и на кои им се придружија уште неколку успешни компании беше силно инспириран низ вашите два одржани бизнис-семинари. Вашата експертиза е во невронауката и првиот семинар во декември беше на тема водство и невронаука. Ве молам за читателите на Економија и бизнис да ни дадете осврт зошто компаниите би се грижеле за невронауката во водството. Што е она што го одвојува пристапот на невронауката кога станува збор за водството? Дали концептот е продолжување на теориите за трансформативно водство или станува збор за сосема поинаков приод кон водството?

Н. Димитриадис: Невронауката е всушност револуција! Таа е предизвик за многу длабоко вкоренети ставови во нашите општества. Ние знаеме, на пример, дека во образовното окружување сега учениците/студентите не го учат најдоброто. Училиштата, на начин како тие сега се организирани, дејствуваат против мозоците на нашите деца. Наместо да им помагаат да развијат повисока креативност, иновативност, емпатичност и да станат глобални граѓани, сегашното окружување ги турка кон тоа да бидат индивидуалисти, водени од резултати и калкулации.
Многу компании ги поттикнуваат своите луѓе да се однесуваат манипулативно доколку сакаат да напредуваат. Во родителствувањето, каде што сѐ започнува, мораме итно да ги учиме родителите за тоа како да ги воспитуваат своите деца со познавање на функционирањето на мозокот, а не со традиционалните мамбо-џамбо идеи за родителствување. Светските лидери треба да работат повеќе кон развивање емпатија меѓу нив и нивните граѓани бидејќи емпатијата е суштинска, ако не и најсуштинска функција на човечкиот мозок во споредба со другите животни. Ова се само неколку области каде што модерниот пристап базиран на мозокот може да го подобри животот на инвдивидуално и колективно ниво, во корпорациите и во општеството во целина. Теориите за водство минаа низ многу промени во минатиот век. Од крајно поедноставени пристапи, како морков и стап, до повеќе напредните теории, како што е теоријата на комплексноста и хаосот, постои трка за одговор на прашањето – што е тоа што ги прави лидерите да бидат извонредни бидејќи знаеме дека извонредното водство носи извонредни резултати. Алката што недостасува е во мозокот. Вашиот мозок може да биде вашиот клучен партер или клучен непријател зависно од тоа како го третирате. Тој може да ви помогне да го обедините вашиот тим, да ги мотивирате вашите луѓе и донесете победнички одлуки или тој може да ве доведе до токму обратната ситуација. Тој може да ви помогне да го обедините вашиот тим, да ги мотивирате вашите луѓе и да носите победнички одлуки или може да ве однесе во спротивниот правец. Имаме доволно сознанија за мозокот денес за да можеме да креираме еден холистички модел за водство адаптирано кон мозокот, што може да им помогне на луѓето во светот да го користат своето најефективно оружје: нивниот мозок! Игнорирањето и лошото однесување со мозокот всушност е најсигурниот рецепт за неуспех.

Доколку се погледне од повисока перспектива, неодминливи се податоците на истражувањата кои упатуваат на заклучок дека со зголемување на инвестициите во развој на вработените, особено лидерскиот развој, каде што доминираат талентите и вработените со висок потенцијал, се забележува стагнација на некои значајни индикатори како што се ангажираноста или стапката на задржување на вработените. Зошто програмите за водство, кои имаат клучна цел поттик на деловниот учинок, често пати не успеваат во остварување на таквата основна цел? И дали невронауката има противотров за овој тренд?

Н. Димитриадис: И навистина, унапредувањето кај компаниите не се случува толку бргу како што би очекувале, мерено со клучните индикатори како што е на пример ангажираноста. Во 2014 година, глобалната ангажираност беше 13 %, во 2016 година таа е идентична и во 2018 година таа достигнува речиси 16 %. Ова не се добри бројки. Кога ги набљудуваме најдобрите места за работење на Форчн 100, лесно може да воочиме дека луѓето треба да бидат третирани како вредни, почитувани индивидуи, а не само како „вработени“. Проблемот тука е во емпатијата. Компаниите не знаат како да бидат емпатични, како што покажува процентот на манипулативни директори. Емпатијата е вградена во мозокот. Таа ни овозможува да ги разбереме другите и, што е најбитно, да се поврземе со нив. Студиите за тимска работа покажуваат дека тимови кои се состојат од луѓе кои се силни во емпатија победуваат над тимови кои се моќни во традиционалната интелигенција (IQ). Овој став е против она што луѓето во бизнисот веруваат до сега: дека да се биде паметен е најдобра карактеристика. Емпатијата креира доверба, а довербата креира успех. За несреќа, бизнисот и економијата се базирани на погрешен модел на човечка природа наречен хомо економикус, кој е на другиот крај од спектарот на емпатија и на доверба. Ова е причина зошто често пати корпорациите имаат токсична култура на однесување и не успеваат во остварувањето на нивните долгорочни цели. За несреќа, емпатијата постојано опаѓа во западниот свет од доцните седумдесетти години на минатиот век. Ова е наречено дефицит на емпатија. Се чини ги учиме нашите деца како да го менуваат мозокот кон полошо: ги тренираме да не ги користат мрежите во мозокот за емпатија и со тоа да бидат повеќе егоистични и изолирани. Ова, секако, води кон растројства како анксиозност и депресија. Одговорот на трагањето на нашите општества кон добросостојба е не повеќе јога..., туку повеќе пријатели!

Вториот семинар во М6 Едукативен центар беше на тема на невромаркетингот – „Маркетинг во ера на невронаука“. д-р Димитријадис, дали маркетингот функционира? И која е додадената вредност на невронауката?

Н. Димитриадис: Традиционалниот маркетинг е проблематичен. Некогаш дава резултати, некогаш не. Некогаш тој оди до таму да биде сведен на среќа колку нашите инвестиции во маркетинг ќе доведат до краткорочен профит и долгорочно градење на брендот. Нашето сегашно разбирање за комуникацијата воопшто и маркетинг-комуникација се фокусира премногу на споделено разбирање на значењето и на содржината.
Восушност, ние со векови верувавме дека доколку две индивидуи успеваат меѓусебно да се разберат на когнитивно ниво, тогаш е воспоставена комуникација. Ова е целосно погрешно! Колку повеќе откриваме за тоа како работи мозокот, толку повеќе моделот на комуникација станува застарен. Комуникацијата не се однесува на разбирање, туку на однесување. Ова значи дека со цел да процениме дали некој е добар во комуникација не треба да гледаме во споделеното разбирање, туку во преземената акција. Смисла без акција е... бесмислена!
Фокусирајте се помалку на она што се обидувате да го кажете и луѓето тоа да го разберат теоретски, фокусирајте се повеќе на нивниот емотивен одговор на она што го велите. Сѐ е во анатомијата на мозокот: некои делови во мозокот повеќе, а некои помалку го контролираат нашето однесување. Традиционалниот маркетинг беше слеп за структурата на мозокот. Тој беше повеќе преокупиран со моделот на „распрскај и моли се“ (spray and pray): што погласно извикувај ја маркетинг-пораката и моли се дека некој ќе одговори на неа. Ете зошто некои компании не ги чуваат вработените во маркетингот еднакво долго како другите професионалци и, подеднакво, зошто маркетерите вообичаено не стануваат главни извршни директори. Невромаркетингот е враќање назад на науката во маркетингот заедно со зголемена веродостојност и предвидливост. Затоа во мојата нова книга „Напреден маркетинг-менаџмент: принципи, вештини и алатки“ јас и моите коавтори даваме конкретна рамка за надградба на маркетинг-професијата на поробустно, поверодостојно ниво и на ниво базирано на резултати. Невромаркетингот, анализата на податоци, креативното решавање проблеми и адаптабилноста во носењето одлуки ги одбележуваат четирите нови вештини за маркетерите во иднина.

СЀ ШТО СМЕ НИЕ Е ВО НАШИОТ МОЗОК: НАШИТЕ ЕМОЦИИ, МИСЛИ, ПЛАНОВИ, НАВИКИ, ЕКСПЕРТИЗА..., СЀ. ПОСЛЕДНИВЕ 20 ГОДИНИ НАШЕТО РАЗБИРАЊЕ НА МОЗОКОТ ДРАСТИЧНО СЕ ЗГОЛЕМИ ПОРАДИ РАЗВОЈОТ НА НЕВРОТЕХНОЛОГИЈАТА. НИЕ КОНЕЧНО ГО ПРИФАТИВМЕ ФАКТОТ ДЕКА ОВОЈ СЛОЖЕН И ПРЕКРАСЕН ОРГАН ВО НАШИТЕ ЧЕРЕПИ Е ЦЕЛОСНО ОДГОВОРЕН ЗА ДВЕТЕ РАБОТИ – И ЗА НАШЕТО НАЈДОБРО И ЗА НАШЕТО НАЈЛОШО ОДНЕСУВАЊЕ. ВОДСТВОТО, ВО ТАА СМИСЛА, НЕ Е РАЗЛИЧНО. ОДЛИЧНИ ВОДАЧИ СЕ ОНИЕ КОИ РАЗВИВААТ ИЗВОНРЕДНА ВРСКА СО НИВНИТЕ ТИМОВИ. ТИЕ ИНСПИРИРААТ, ЗАШТИТУВААТ И ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ НИВНИТЕ ЛУЃЕ, ИМ ПОМАГААТ НА СИТЕ ДА УЧАТ И ДА СЕ РАЗВИВААТ И ДА ПРЕЗЕМААТ ПОБЕДНИЧКИ ОДЛУКИ БАЗИРАНИ НА РЕАЛЕН ИНПУТ ОД СИТЕ ОКОЛУ НИВ

Вие, исто така, сте коавтор на книгата „Невронаука за лидери: Пристап на лидерство адаптирано кон мозокот“ објавена од Коган Пејџ во 2016 година. Како овој пристап го поттикнува инкорпорирањето на улогата на главен директор за емоции (CEO – Chief Emotional Officer) кај лидерите за да инспирираат доверба и мотивација, а со тоа и да ја поттикнат посакуваната промена на однесувањето меѓу нивните луѓе?

Н. Димитриадис: Ние го споменуваме главниот директор за емоции во нашата книга! Сѐ што сме ние е во нашиот мозок: нашите емоции, мисли, планови, навики, експертиза..., сѐ. Последниве 20 години нашето разбирање на мозокот драстично се зголеми поради развојот на невротехнологијата. Ние конечно го прифативме фактот дека овој сложен и прекрасен орган во нашите черепи е целосно одговорен за двете работи – и за нашето најдобро и за нашето најлошо однесување. Водството, во таа смисла, не е различно. Одлични водачи се оние кои развиваат извонредна врска со нивните тимови. Тие инспирираат, заштитуваат и ги предизвикуваат нивните луѓе, им помагаат на сите да учат и да се развиваат и да преземаат победнички одлуки базирани на реален инпут од сите околу нив. Сите овие извонредни однесувања на водството се трасирани во мозокот. Водството адаптирано кон мозокот, модел кој ние го развивме во нашата книга Невронаука за лидери е холистички модел за тоа како до најдобро лидерско однесување, низ разбирање на работата на мозокот и преземање позитивни чекори за подобрување. Да, тоа е остварливо!

(Економија и бизнис, печатено издание, февруари 2020 година)

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top