Е-Б-Ф-Б
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ УСПЕШНО ЈА ТЕСТИРАШЕ ПРВАТА ТЕСТНА 5Г МРЕЖА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ


Македонски Телеком успешно ја тестираше првата тестна 5Г мрежа во центарот на Скопје, со што обезбеди услови за примена на оваа нова технологија во реални услови. Ова е уште еден чекор кон воведувањето 5Г во Македонија, што ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците, потенцираат од компанијата.

Приказната за 5Г во Македонски телеком има своја историја – последниве неколку години интензивно работиме на подготовки и градење на новата инфраструктура на мрежата која ќе им ги донесе придобивките на 5Г на нашите корисници. Досега неколку пати сме мереле 5Г брзини, во лабораториски услови. Денес за прв пат мериме брзини во реални услови, преку сигналот од првите 5Г базни станици кои се поставени во центарот на Скопје. Ја имаме првата тестна 5Г мрежа во земјава што ќе ни овозможи да бидеме подготвени за воведување на оваа технологија за сите корисници, кога ќе дојде моментот“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Новата технологија овозможува исклучителната брзина за пренос на податоци од над 1 гигабити во секунда.

Целта на тестната 5Г мрежа е тестирање на перформансите во реални услови со кои би се овозможиле нови услуги за корисниците, како на пример: супер брз фиксен безжичен интернет, VR (Virtual Reality) 3600 видео во живо, VR gaming во реално време, ultra-HD multi video streaming, итн.). Од Македонски Телеком велат дека тестирањата ќе се вршат во текот на 2020 година и врз основа на нив мрежата ќе се подготви за комерцијална фаза.

Тестирањето на новата технологија беше овозможено откако Агенцијата за електронски комуникаации определи радио фреквенции за времено користење. Намерата на Македонски текеком е во определниот законски рок, тие фреквенции да се искористат максимално за тестирање на 5Г технологијата од аспект на корисничкото искуство на мобилните уреди, но и да се испорача широкопојасен интернет во рурални средини.

Со воведувањето на оваа технологија, не само што ќе се создадат услови за развој на информатичко-технолошко поле, туку пошироко, ќе се создадат услови за целосен економски развој на нашата земја. Ќе се смени начинот на кој функционира општеството, а придобивките ќе ги гледаме во сите сфери: медицина, образование, бизнис... 5G ќе почне да се имплементира во Европа од 2020 година, а целосна имплементација со сите нејзини напредни функционалности се очекува во периодот по 2025 година.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top