Е-Б-Ф-Б
СТРАТОЛАНЧ ДОБИ НОВ СОПСТВЕНИК

блиц свет

Компанијата основана во 2011 година од милијардерот и коосновач на една од најголемите компании во светот „Мајкрософт“ (Microsoft Corp), Пол Ален, доби нов сопственик чиј идентитет сѐ уште јавно не се објавува. „Стратоланч“ (Stratolaunch Systems Corp) е компанија специјализирана за лансирање на свемирски летала, која го изгради и го оперираше најголемиот композитен наменски авион на светот рок, чиј опсег на крилја надминува 117 метри, а чија улога е да ги искачи свемирските летала на соодветна висина од каде што со многу помалку ресурси ќе можат да бидат лансирани во свемирот. „Стратоланч“ формално беше во сопственост на „Вулкан“, компанија во доминантна сопственост на Пол Ален, каде косопственик и извршен директор е неговата сестра Џоди. По смртта на Пол Ален пред една година, Џоди ја најави излезната стратегија за страничните компании кои ги водеше Пол, водејќи грижа компаниите успешно да продолжат со работа, како и да се заштити имотот на семејството. Од компанијата изјавија дека „Стратоланч“ продолжува со работа и со предвидените активности и по промената на сопствеништвото. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top