Е-Б-Ф-Б
ТЕСЛА ПОВТОРНО НА ВРВОТ ВО САД

блиц свет

Главниот извршен директор и основач на „Тесла“ (Tesla Inc), Елон Маск, обезбеди профит во работењето на компанијата во третиот квартал од оваа година со што успеа да го одржи ветувањето дадено пред акционерите на почетокот од годината. Иако сѐ уште не се надминати долгорочните предизвици на компанијата, овој успех резултираше со раст на акциите на „Тесла“ за над 17 % со што пазарната вредност на компанијата се искачи над 53 милијарди долари, симнувајќи го од тронот „Генерал моторс“ (General Motors Co.) чија пазарна вредност изнесува 51 милијарда долари. Компанијата е соочена со огромни предизвици за долгорочната одржливост што резултираше со повеќе иницијативи за смена на раководството, како и огромен пад на акциите. Дури и со последното покачување, иако на врвот според пазарната капитализација, акциите на „Тесла“ се сѐ уште за 10 % пониски од пред една година кога компанијата доминираше според вредноста во областа на производство на автомобили. Новите позитивни трендови од работењето на компанијата се предвидуваат со очекуваниот старт со работа на нивната фабрика во Кина која вреди две милијарди долари. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top