Е-Б-Ф-Б
МИКРОН ВО ДИРЕКТНА ПРЕСМЕТКА СО ИНТЕЛ ЗА ПАЗАРОТ НА ДИГИТАЛНИ КАПАЦИТЕТИ ЗА ГОЛЕМИТЕ ЦЕНТРИ НА ПОДАТОЦИ

блиц свет

Американската компанијата за микрочипови „Микрон“ (Micron Technology) и официјално ја стартуваше новата линија за производство на „тврди дискови“ наменети за специјалниот пазар на големите центри на податоци. Се работи за новата развојна технологија на т.н. 3Д мемориска технологија која во себе содржи тридимензионално поврзување на мемориските чипови со што се овозможуваат огромни брзини на уредите за чување податоци. Развојот на оваа технологија започнува уште во 2006 година како заеднички развоен проект на „Микрон“  со „Интел“ (Intel Corp), најголемиот произведувач на чипови во светот. Разделувањето на двете компании беше најавено уште минатата година кога „Микрон“ најави откуп на партнерското учество во вредност од 1,5 милијарди долари, преземајќи го притоа и долгот на заедничкиот центар кој припаѓал на „Интел“ од една милијарда долари. Разделувањето во развојниот дел на компаниите се поклопува и со лансирањето на новата генерација чипови од страна на „Интел“, кои се сметаат за дел од заедничката развојна програма. Договорот за преземање се очекува да биде финализиран до крајот на оваа година.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top