Е-Б-Ф-Б
ИНЦИЈАТИВА НА УНИЦЕФ И НА ТЕЛЕКОМ ЗА ДИГИТАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА МЛАДИТЕ

блиц Македонија

Фондот за деца на Обединетите нации заедно со Фондацијата Телеком за Македонија ги  повикаа младите иноватори да достават идеи за дигитални решенија за отстранување на бариерите со кои децата и младите со попреченост се соочуваат во образованието и во секојдневниот живот. Најдобрите десет тима, во кои треба да има барем по едно лице со попреченост, ќе бидат поканети на работилници за натамошно развивање на своите идеи по што ќе бидат избрани пет најдобри идеи кои ќе бидат наградени со финансиски средства и со менторска поддршка на експертите за интернет, инженери, маркетинг и ИТ-специјалисти од Македонски Телеком. Во јуни 2020 година, двете најдобри решенија од финалето во земјава ќе влезат во светскиот избор каде што ќе имаат можност да добијат дополнителни средства во износ од 20 000 долари, заедно со глобална програма за инкубација од партнерите на Generation Unlimited, за нивно проширување. Националниот повик со име „Младински предизвик – дигитална инклузија“ е дел од младинскиот предизвик „Generation Unlimited 2019/20“ што се одвива во над 40 земји низ светот, а се реализира во соработка со СмартАп и Македонскиот извиднички сојуз.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top