Општество
МАВРОВО: СОВРШЕНА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ СПОРТСКИ ТРЕНИНЗИ И КАМПОВИ


Успехот на спортистите не е резултат само на еден натпревар, ниту на 20 или на целата сезона. Тој е збир на бројни тренинзи, на години и часови физички активности и на многу психолошки подготовки.
Голема улога во патот до успехот имаат и условите за тренинг. Организација на висински подготовки пред сезоната, како и во текот на сезоната за одржување на физичката подготвеност не се само престиж во спортскиот свет. Тие се неопходни за исполнување на сонот на секој кој сака успех. Изолација од секојдневните предизвици и градски метеж на локација каде има соодветен терен, чист воздух и потребна инфраструктура. Совршена дестинација за калење на спортистот во новата сезона, а секој клуб бара такво место.

Но, тука може да запре потрагата по идеалното место за висински подготовки. Македонија има уникатна дестинација која ги исполнува барањата и очекувања на индивидуалните спортисти, како и на колективните спортски клубови.

Спортскиот центар Маврово е совршено место за професионални тренинзи за елитните спортисти. Во летните месеци нуди одлични можности за атлетски подготовки со одлични капацитети за обука во живописното опкружување на Националниот парк Маврово.

Идеалната надморска височина од 1.200 метри и одличните летни климатски карактеристики овозможуваат одлични можности за тренинг на спортистите и на тимовите на отворен и во затворен простор. Центарот нуди и тренирање во планинските предели на повисока надморска височина од над 1500 метри. Спортскиот центар Маврово обезбедува природно изолирана, здрава животна средина што ги зголемува шансите за професионално усовршување и претворање на спортски групи во компактни тимови.

Во близина на Езерото во Маврово, Центарот нуди надворешно фудбалско игралиште, мало бетонско кошаркарско, фудбалско и тениско игралиште, како и новоопремена спортска сала според сите светски стандарди за одбојкарски, кошаркарски и ракометни тренинзи и комплетно опремена фитнес-сала. Локацијата ги има сите услови за комплетни и успешни висински подготовки за сите спортови.

И ова лето, како и во претходни летни сезони, придобивките од убавината на Маврово ја почувствуваа многу тимови. Во удобностите на Ресорт Маврово (хотел Бистра, хотел Спорт и хотел Лоџ), годинава, уживаа играчите од кошаркарските репрезентации мажи до 16, 18 и 20 години, женска јуниорска репрезентација во ракомет, женска и машка кадетска репрезентација ракомет, ракометарите на Еурофарм Работник, кошаркарската федерација Kukeshi, фудбалскиот клуб Гњилане од Косово, кошаркарската македонска репрезентација до 18 години, учесниците на Академија Алушевски кампот, репрезентативци од одбојкарската федерација, потоа ГФК Тиквеш, одбојкарите на Работнички, како и репрезентации од Unioversitatea Craiov Handball Club и Guif Sweden и играчите на фудбалскиот куп Шкупи. Исто така, летово се организираше кошаркарскиот камп ФИБА.

Неколкудневните спортски кампови, кои се организираат во Ресорт Маврово, овозможуваат целосно психо-физичко опуштање на спортистите. Природната убавина, езерото, патеките за движење низ Националниот парк, надополнети со прекрасниот Спортски центар Маврово, креираат идеални услови за спортистите, за младите и за децата кои одбираат да ги посетуваат летните кампови на планина.

Изборот на бројните репрезентации, клубови и академии токму во Маврово да ги организираат висински подготовки пред почетокот на сезоната е потврда дека Македонија е подготвена да се најде на мапата за идеални локации за спортски подготовки. Особено што Спортскиот центар Маврово ги исполнува и сите услови да функционира и во зимските месеци.

Се гледаме во Маврово!

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top