Општество
„КАКО ПОБРЗО ВО ЕВРОПА?“

Марјан Бојаџиев
Американ колеџ Скопје

Вовед                                                          

Ако ги читате овие редови, тоа значи дека Европскиот совет не донел одлука за почеток на преговорите со нашата држава. Таков беше договорот со уредникот на списанието, да се објави во случај да не добиеме датум до 18 Октомври. Веројатно немаме поголема одговорност отколку да останеме прибрани и рационални и во тешки моменти. Ние сме и мораме да бидеме дел од Европа. Немаме друга опција. И мораме да најдеме начин да бидеме дел Европските интеграции. Тоа е одговорност на сегашната генерција раководители. Нихилизмот и префрлање на вината на „клети туѓинци“ не може да се оправда. Омаловажување на Владата и негација на се што сторила Република Северна Македонија исто така не може да се оправда. Во таа насока овој текст претставува само една идеја -  како побрзо да влеземе во Европа.

Студентите ги учиме дека во секои преговори треба да ја знаеме нашата БАТНАм односно да знаеме која е следната прифатлива алтернатива во преговорите?[1]Па ако најдобра алтернатива е членството во ЕУ, а очигледно, сега за за сега. Патот кон почеток на разговорите за членство е блокиран, прашањето е “Која е следната следната прифатлива алтернатива?“ Ако е очигледно дека преговорите нема да почнат во следните 12 месеци, дали можеме да се прашаме, што можеме да сториме во меѓувреме?

Се разбира, никој не ни брани во меѓувреме да:

А) почнеме да ги применуваме законите и судовите да судат според закон;

Б) да сториме нешто за намалување на загадувањето освен замена на печките на јаглен и субвенции за „27“ инвертори;

В) да не бидеме баш убедливо последни на Програмата за меѓународно студентско оценување ( ПИСА).

Г) да „замолиме“ по некој сообраќаен полицаец да не удостои со своето присуство на Партизанска после полноќ кога моторџиите лудуваат!

И уште нешто плус. Да бидеме Европјани, без полноправно членство во ЕУ. Wow, па дали е тоа можно? Ако се прашувате како е тоа можно?, одговорот си доаѓа самиот, само ако ги поставиме вистинските прашања.

Ако прашаме „Дали можеме да бидеме дел од „Европскиот економски простор“ и да бидеме во целосна царинска унија со ЕУ, одговорот е „Да, можеме, и всушност, веќе и сме“.

Ако прашаме, „Дали можеме да преминуваме пасошки контроли како Европјани, односно да преминуваме граници на пасошките контроли означени како „EU, EEA, CH“[i] одговорот е „Да,  можеме“.

Ако прашаме „Дали можеме и понатаму да користиме претпристапни ЕУ фондови“, одговорот би бил „Да, можеме, но можеби  можеме да користиме и други дополнителни фондови.“

Ако прашаме, „Дали можеме да одиме и чекор напред, па дури и да постанеме членки на Шенген зоната, а без членство во ЕУ„ одговорот е „Да, можеме“.[ii]

Веројатно не помалку важно е прашањето, „Дали со ова престануваат нашите аспирации кон полноправно члентво во  ЕУ“, одговорот би бил, „Апсолутно не. Напротив, стануваме уште поинтегрирани, и ќе имаме многу пократок пат од почетокот на пристапите преговори, па се до приклучувањето.

И на крај, за прашањето, „Како да го постигнеме гореаневеденото?“, одговорот е „Да постанеме членки на ЕФТА и на ЕЕА (Европската асоцијација за слободна трговија и Европскиот економски простор)“

 

  1. I.   Што е Европски економски простор ( European Economic Area) ЕЕА, кога е формирана и како функционира?

ЕЕА е формиран во 1994 – та година како еден од најзначајните инструменти на продлабочување на соработката на Европскиот континент. Договорот е потпишан наскоро после договорот од Маастрихт ( 1992. Да не изумеме дека договорот од Мааструхтимаше проблеми во ртификациите  во Данска и во Франција, па мораше да претрпи измени. Беше ратификуван во следната 1993 – та. Негов логичен след е Договорот за формиррање ЕЕА ( European Economic Area). Со овој договор се регулира слободниот проток на луѓе, стоки и услуги, како и капитал и инвестиции на целиот континент, односно на територијата на а) земјите членки на ЕУ, и б) земјите членки на ЕФТА.

I.1 Кој може да биде член на ЕЕА?

EEA членки можат да бидадт амо земји членки на ЕУ и на ЕФТА ( член 126).[iii]

Всушност во членот 126 се наведени ЕУ земјите и Исланд, Лихтеншајн и Норвешка, бидејќи Швајцарија има посебен режим.[2]  Мислењето дека ЕЕА се однесува само на ЕУ  & ЕФТА го застапуваат повеќе автори, како на пример Jean-Claude Piris, поранешен директор на правата служба на ЕУ.[3]

Како се постанува член на ЕЕА? Со аплицирање! Може да аплицира секоја земја членка на ЕУ или на ЕФТА. Аплицирањето се врши до Советот на ЕЕА, врз основа на член 128.

I.2 Некои од бенефитите од приклучувањето кон ЕЕА

Најбитен бенефит за граѓаните на Република Северна Македонија доколку истата пристапи кон ЕЕА е олесенета можност за патување. Со пристапување кон ЕЕА, постануваме Европјани, кои можат и смеат да патуваат на влезовите во други држави на шалтерите со ознака EU/EEA/CH.

Следната  предност е целосно учество на единствениот пазар, а без членство во ЕУ. Сите земји, имаат безцарински пристап на единствениот пазар на стоки и услуги. При тоа се применуваат ЕУ регулативите во однос на кокуренција, државна помош, интелектуална соственост и јавни набавки.

Предност е и слободното движење на луѓе. ЕЕА слободното движење на луѓе се разликува од концептот на ЕУ. Имено во ЕУ, сите граѓани се истовремено и граѓани на ЕУ, што имплицира слободно движење. Во ЕЕА, слободното движење се однесува само на економски активните, како и на студентите.[iv]

Членството во ЕЕА носи и обврски, а пред се: финансиски обврски, како и почитување на правилата на ЕУ. Но почитување на правилата на игра значи и заштита за македонските бизниси, бидејќи сите ЕЕА членки се рамноправни.

  1. II.   Што е ЕФТА ( European Free Trade Association) ?

ЕФТА

ЕФТА е формирана во 1960 година од седум држави ( Австрија, Данска, Норвешка, Португалија, Шведска, Швајцарја и Обединетото Кралство) а во 1961 Финска постанува придружен член. За споредба, ЕУ односно Европската економска заедница е формирана од шест земји во 1957 – ма година во Рим. Најголем број на членови ЕФТА доситигнува во 1970 година со пристапувањето на Исланд, а потоа бројката се намалува. Се повеќе земји ја напуштаат ЕФТА и пристапуваат кон ЕЕЗ и тоа: Данска и Обединетото Кралство ( 1972) , Португалија ( 1985). Во 1991 пристапува Лихтенштајн, а во 1995 Асоцијацијата ја напуштаат: Австрија Финска и Шведска.

Позначајни  договори за слободна трговија на  ЕФТА се договорите со Македонија, Мексико, Хрватска, Јордан, Сингапур, Чиле, Либан, Тунис, Кореја, Јужно Африканска Царинска Унија ,Египет, Кандада и Колумбија, Кина, Црна Гора, Босна, Костарика и Панама.

Еден од најзначајните ЕФТА договори е договорот за формирање на ЕЕА, потпишан во 1994 – та година со Евроспата Економска Заедница (денешната ЕУ). ЕФТА потпишаа и соодветни протоколи за проширување на ЕЕА после пристапувањето на нови земји кон ЕУ(Романија, Бугарија, Хрватска).[v]

 

II.1 Некои од бенефитите во членството во ЕФТА

Покрај слободното движење на стоки и услуги и пристап до единствениот пазар постојат и други бенефиции за членките на ЕФТА и ЕЕА.

Договорот за ЕФТА опфаќа бројни области, како на пример: слободно движење на стоки, разни земјоделски производи, признавање на квалификации, користење на консултанти, инвестиции и финансии, државни субвенции и т.н.

Една од бенефициите е пристап до Комитети во ЕУ и во Европскиот парламент.

ЕФТА државите ги имаат истите права како ЕУ државите во поглед на консултации за донесување на одлуки во комисии и комитети на ЕУ а кои се важни за ЕЕА. ( член 99).

 

II.2 Како се линкуваат ЕУ, ЕФТА и ЕЕА?

Прво и најважно е дека ЕЕА ја сочинуваат земјите на ЕУ и ЕФТА и никој друг.

Второ, помеѓу ЕУ и ЕФТА и покја огрманта разлика во население и членство, постои партнерски однос.

Според Договорот за формирање на Европски еконмски простор, се формира Совет ( член 88-91) составен од претставици на Европската комисија, и по еден претставник до ЕФТА земјите.

Се формира и ЕЕА Заеднички комитет ( EEA Joint Committee)  со кој најзименично терседава преставник на ЕУ и на ЕФТА.

Во член 95 се предвидува и формирање на мешовит парламентарен комитет, а во член 96 се предвидува формирање на Консултативен совет, составен од подеднаков број на членови до ЕУ и ЕФТА.

Се очекува ЕФТА експерти да учествуваат во донесување на разни мерки ( член 100), а се формира и ЕФТА Суд, како наднационален суд надлежен за ЕФТА Земјите, кој е пандан на Европскиот суд на правдата.

И на крај, но не и најмалку важно со пристаување, доколку Република Севрна Македонија успее да стане дел од ЕФТА и ЕЕА, таа ќе прифати огромен број на меѓународни регулативи, но ќе ја прифати и јурисдикција на Европскиот суд на правдата ( член 56). Со тоа се оди кон побрзо решавање на еден од најважните проблеми на нашата земја – владеење на правото.

Можеби добра илустрација на поврзаноста ни дава следната табела[i]

 

  1. III.  Како да постанеме членки на ЕФТА

Во Член 56 од Конвенцијата за формирање на Европската  асоцијација за слободна трговија ( ЕФТА) позната и како Конвенција Вадуз е наведено дека „секоја земја може да пристапи кон оваа Конвенција, доколку Советот  се согласи да го одобри пристапувањето, под  правила и услови кои можат да бидат ставени во таа одлука.“

Ерго, Република Северна Македонија, може да аплицира за членство во ЕФТА веднаш. Колку време би требало за да постане членка, не е познато. И нема преседани, во последните децении, никој не аплицирал за членство во ЕФТА. Но, веројатно може да се постане член, многу побрзо отколку во ЕУ. Но со аплицирањето во ЕФТА постануваме дел од системот на правни држави, под јурисдикција на Европскиот суд (European Cout of Justice) односно неговиот пандан, Суд на ЕФТА, а истовремено ги уживаме сите бенефити на слободна циркулација на луѓе, стоки и услуги и идеи.

 

Наместо крај

 

Да засукаме ракави:

А) Да аплицираме за члентво во ЕФТА во 2019;

Б) Да постанеме членки на ЕФТА во 2020 и да аплицираме за ЕЕА;

В) Веројатно би добиле датум за почеток на преговори со ЕУ во 2020;

Г) Да постанеме членки на ЕЕА во 2021;

Д) Да ја известиме ЕФТА за престанок на члеснтвото во 2026 ( член 57) ;

Ѓ) Да постанеме членки на ЕУ во 2027.

Како што се гледа од приложеното, договорот со Македонија е меѓу првите договори за слободна трговија на ЕФТА,

Можеби тоа е знак дека ќе можеме меѓу првите, да потпишеме договор со ЕФТА за членство, како и договор за пристапување кон ЕЕА.

Посебно што, поединечни земји членки кои даваат отпор кон отпочнување на преговорите или подготовеноста за членство во ЕУ, не би требало да имаат никаков аргумент против пристапувањето кон ЕЕА. Ако Франција е загрижена заради комплексноста и неефикасноста на ЕУ, не би требало да ни пречи да постанеме членки на ЕЕА. Веројатно...[4][5]



[1]( BATNA, Best Alternative to a Negotiated Agreement)

[2]1.(19) The Agreement shall apply to the territories to which the Treaty establishing the European Economic Community (20) is applied and under the conditions laid down in that Treaty (21), and to the territories of Iceland (22), the Principality of Liechtenstein and the Kingdom of Norway (23).

[3]Според  Hjörtur J. Guðmundsson: „Britain might want to consider rejoining EFTA – but should stay clear of the EEA“ , retrieved from https://brexitcentral.com/britain-consider-efta-stay-clear-eea/, 2018

[4]Оваа идеја за прв пат ја елаборирав на неформален состанок на колегите од Наставно научниот совет на Правниот факултет при УАКС пред седум години. Состанокот беше мини тим билдинг подготвен од Деканот Марко Андонов

[5]Веројатно ќе имам бројни и безбројни критичари на оваа идеја. Пред 18 месеци го објавив концептот “Македонија Мегалополис“ и имав бројни критики. Но, сите се базираа на напади,а без никаква конструктивна критика. Ги замолувам сите кои ќе го критикуваат мојот предлог да дадат барем едно сопствено размислување за следните чекори на Република Северна Македонија.



[iii] “Agreement on European Economic Area” 1994, updated 01/08/2016

[iv] Види повеќе на Catherine Barnard, senior fellow at The UK in a Changing Europe and Professor of European Union Law at the University of Cambridge.https://ukandeu.ac.uk/explainers/to-eea-or-not-to-eea/

[v]Види повеќе на https://www.efta.int/About-EFTA/EFTA-through-years-747 притапено на 10/13/2019

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top