Интервјуа
МАКЕДОНИЈА Е ОДЛИЧНА БАЗА ЗА ТАЛЕНТИ

Матеја Лаврич и Станислава Вабшек
Колектор Дигитал

Бизнис Акцелераторот УКИМ ја зајакнува регионалната поврзаност со клучните актери од Балканот и затоа беше домаќин на индустрискиот акцелератор Колектор Дигитал од Словенија на 10 октомври 2019 година. На настанот учествуваа стартапи поддржани од Бизнис Акцелераторот УКИМ и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), како и компании кои со поддршката од ФИТР креираат иновативни производи и услуги наменети за глобалниот пазар.

Во Центарот за трансфер на иновации и технологии – ИНОФЕИТ, Матеја Лаврич и Станислава Вабшек, преку презентација на услугите на Колектор Дигитал, се запознаа со клучните чинители од еко-системот за иновации и стартапи и се идентификуваат можностите за соработка во иднина.

 

Колектор Дигитал е составен дел од Колектор холдинг, ве молам претставете  ги вашите активности:

Колектор е мултинационална корпорација со седиште во Словенија и широка мрежа на компании и филијали во Европа, САД и Азија, која работи во областа на високо специјализираните индустриски производи. Како еден од водечките играчи во глобалните добавувачи на компоненти и системи за автомобилската индустрија, електротехниката, инженерството и технолошките системи, Колектор се етаблира како водечки глобален снабдувач на решенија за паметни фабрики во ерата на 4 дигиталната индустриска револуција.

Во областа на автомобилската индустрија, Колектор е далеку најголемиот снабдувач на комутатори во светот. Со магнетните компоненти, Колектор веќе го достигна второто место во Европа и исто така сме еден од добро познатите играчи во областа на електрониката и погоните за електрични автомобили.

Нашата втора деловна единица е Енергетски инженеринг со мали хидроцентрали, хидро турбини, огромни енергетски трансформатори и системи за електротехника.

Со зајакнување на градежната програма, станавме најголема компанија за градежништво (градежни работи) во Словенија. Наши главни области се паметни станбени и деловни згради, одржување и изградба на патната инфраструктура и реконструкција на железничката инфраструктура.

Обезбедуваме наш постојан раст преку интензивни инвестиции во истражување, развој и иновации, на кои издвојуваме повеќе од 4 проценти од нашите приходи на годишно ниво. Исто така, активно соработуваме со универзитетите и институтите и активно инвестираме во почетни активности преку нашиот Фонд за ризични инвестиции Kolektor Ventures.

Што претставува Колектор Дигитал и кои се нивните области на интерес?

Колектор Дигитал е деловна единица во Колектор што развива врвни решенија за трансформација на малите и средни претпријатија во паметни фабрики на иднината. Ние силно веруваме во концепт на отворена иновација, и затоа инвестираме во високо-технолошки стартапи од областа на вештачката интелигенција, роботика, симулациски модели, дигитални близнаци, дигитални платформи, автоматизиран вид, напредна аналитика и сите реалности (агументирана, виртуелна и мешана реалност). Ние делуваме како стратешки инвеститор, ставајќи паметни пари на маса, преку обезбедување менторство, вмрежување, работно опкружување, пристап до пазарот и пред сè „игралиште“ за пилот-проекти. Колектор Дигитал има и внатрешен индустриски акцелератор, Колектор лаборатории, што е платформа за развој на решенија во индустријата 4.0. Наша цел е да вклучиме различни партнери во развојниот процес, од инвестирани стартапи, други стартапи, водечки ИТ компании, главни засегнати страни од почетниот екосистем, фреленсери и системски интегратори.

 

Која е целта на вашата посета во Македонија

Нашата главна цел е да разгледаме нови стартапи кои се подготвени за инвестиции во областа на вештачката интелигенција, роботиката, симулациските модели, дигиталните близнаци, дигиталните платформи, автоматскиот вид, напредната аналитика и сите реалности (агументирана, виртуелна и мешана реалност). Ние исто така веруваме дека Македонија е одлична база за таленти, затоа едвај чекаме да се сретнеме со млади перспективни инженери и деловни експерти на кои ќе им биде предизвик да соработуваат со еден од водечките индустриски мултинационални компании во регионот. Исто така, активно бараме стратешки партнерства во македонскиот старт-екосистем, како што е Бизнис Акцелераторот УКИМ, иницијатива „Startup Македонија“ и Фондот за иновации и технолошки развој.

Каков е екосистемот за стартапи во Словенија?

Словенечкиот екосистем за стартапи значително се развива во последните години. Додека првите брзорастечки стартапи беа создадени во средината на 2000-тите години, екосистемот навистина ослабна откако економската криза ја погоди Словенија по 2008 година. Од 2005 година, околу 300 стартапи собраа над 500 милиони американски долари. Многу стартапи исто така се самоодржливи, односно го финансираат нивниот развој од нивните приходи без прибирање капитал. Покрај тоа, словенечките стартапи се меѓу најактивните во светот во одредени специфични области. Ова беше овозможено, исто така, како резултат на интензивните активности на национално ниво водени од словенечкиот фонд за претприемништво и иницијативата Startup Словенија, кои им помагаат на ветувачките основачи на тимовите во рана фаза на развој.

 

Глобалната партнерска мрежа на Бизнис Акцелераторот УКИМ на своите корисници им овозможува пристап до услуги, полесен пристап до пазарот и последователните инвестиции. На овој начин, иноваторите и стартапите од Македонија полесно ќе можат да го валидираат својот производ или услуга за да се овозможи брз пласман на глобалниот пазар.

Бизнис Акцелераторот УКИМ располага со фонд за инвестиции во иновативни стартапи во вкупен износ од 530.000 евра, со максимална инвестиција по стартап во износ од 133.000 евра.

“Клучна активност на Бизнис Акцелераторот УКИМ е на македонските иноватори и стартапи да им овозможи пристап до глобалното знаење, пазар и последователни инвестиции. И со засилена меѓународна соработка се надеваме дека ќе ги оствариме планираните резултати”, истакна Александар Стамболиев, Извршен директор на Бизнис Акцелараторот УКИМ.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top