Општество
13ТИ ОКТОБЕРФЕСТ НА МАКЕДОНСКО- ГЕРМАНСКО СТОПАНСКО ЗДРУЖЕНИЕ, 13 ГОДИНИ ГЕРМАНСКА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ


И овогодишниот Октоберфест беше отворен на традиционален баварски начин, со дрвен чекан беше пробиен чепот на првото буре со пиво, а со изреката “О'zapft is“ (чепот е отворен) официјално започна прославата

Директорот  на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс, заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Ото Граф, директорот на Пивара Скопје, Дан Тимотин традиционално го отворија тринаесетиот Октоберфест на Македонско-Германското стопанско здружение во Скопје.

„Особено не радува што скопскиот Октоберфест од година во година се повеќе наликува на Октоберфестот кој се слави во Баварија и оваа година поздравивме повеќе од 1500 гости. Покрај претставниците на бизнис заедницата, амбасадори, претставници од медиумите  оваа година со нас имавме и 33 претставници на компании од странство кои беа дел од нашиот дводневен Б2Б настан Macedonia Manufacturing Expo“ - соопшти Патрик Мартенс, директорот  на Делегацијата на германското стопанство во РСМ.

„Трета година по ред сме домаќини на овој настан. Покрај можноста гостите да уживаат во одлични пива и традиционална баварска кујна сакаме заеднички со Прилепска пиварница, не како конкуренти, туку како партнери и пријатели да ја доближиме пивската култура во земјата“ -рече  Дан Тимотин и заеднички со Сашко Самарџиоски, генералниот директор на Прилепска пиварница наздравија за идните успеси.

Октоберфест се слави веќе 200 години во Минхен и на овој настан доаѓаат 6 милиони посетители. Особено ми е мило што прославата на Октоберфест  во Скопје е прерасната во  традиција, овој настан е од големо значење за градот Скопје, тој е важен за соработката како на економски, така и на културен план помеѓу нашите две земји“- рече заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Ото Граф.

Во септември 2020 не очекува 14 годишнината од прославата на Октоберфест во Скопје и тогаш  повторно ќе речеме: “О'zapft is“ (чепот на првото буре со пиво е отворен)!

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top