Општество
РЕПТИЛ ЈА НЕГУВА ТРАДИЦИЈАТА НА ЗДРАВАТА И ВКУСНА МАКЕДОНСКА ХРАНА

12.09.2019 година

Традиционалната македонска храна, на чиј вкус и квалитет секогаш сме горди, е едно од најпрепознатливите обележја на Македонија во Европа и светот. Умешноста и истрајноста да ја зачуваме традиционалната рецепта во кујната и упорноста да ги сознаеме и готварските вештини онака како и нашите баби ги совладувале во младоста, несвесно креираа и отпор кон современите токови, кои значајно ги сменија навиките и ја воведоа процесираната храна. Наместо тоа традиционалната кујна ја поврзавме и со здравата исхрана, ја модернизиравме и збогативме. Таа денес, не е достапна само во нашите кујни, туку може и да ја купите и во кујните во поголемите маркети на Рептил. 

„За нас особено е важно што оние кои еднаш ќе купат готов оброк од нашата кујна, потоа повторно се враќаат и купуваат. Тоа е потврда дека сме успеале да креираме вкусен и здрав оброк. Имаме богата понуда на традиционална, но и модерна храна. Свежи и кремасти салати, јадења на скара, главни јадења, похована храна, а имаме и понуда на јадења подготвени согласно хроно правилата за исхрана. Кујни имаме во шест маркети лоцирани во скопските населби Црниче, Ново Лисиче, Тафталиџе 1 (кај Млечен), Бутел, Центар и Драчево. Нашето мени потрошувачите може да го разгледаат на нашата интернет страница reptilmarketi.mk, а преку marketonline.mk може и од дома да нарачаат готов оброк што ќе им го доставиме“, вели Томе Неделковски раководител на кујната на Рептил.  

Можноста да се купи оброк, што е подготвен како дома и со истите состојки што ги користите дома, е непроценлива. Независно дали живеете сами или со семејство, дали сте оптоварени со бројни обврски на работа или сте домаќинка која секојдневно манипулира со вртлогот во домаќинството, а сака семејството да јаде свежи и здрави оброци, не секогаш се наоѓа време и енергија за да подготвите домашни јадења. Понекогаш тоа може да изгледа и како застрашувачка задача. Особено што посетата на ресторани најчесто значи и поскапа храна, а на крајот од бурниот ден, сакате јадењето да го почувствувате како најбрза и најлесна опција.

„Денес се живее многу брзо и здравата исхрана има значајна улога во одржувањето на телото да може да се носи со секојдневните стресови. Познато е дека преработената храна вообичаено е богата со хемиски адитиви, хормони, шеќер, сол, нездрава маснотија, како и дека е многу калорична што негативно влијае на општата психофизичка состојба на телото, но и на изгледот. Може да Ве направи да се чувствувате уморни, надуени и раздразливи, како и да ги влоши симптомите на депресија, стрес, вознемиреност и слично. Но, со оброкот што е подготвен исто како дома, може да се осигурете дека Вие и вашето семејство јадете свежи, здрави оброци. Ова може да Ви помогне да изгледате и да се чувствувате поздраво, да ја зајакнете вашата енергија, да ја стабилизирате вашата тежина и расположение и да го подобрите спиењето и контролирањето на стресот. Кога јадете традиционално подготвени оброци повеќе сте свесни за тоа што точно ставате во вашето тело и како различна храна влијае на начинот на кој размислувате и се чувствувате“, дополнува Томе Неделковски раководител на кујната на Рептил.

Можноста да се купи готов а здрав оброк, е особено важен за домаќинките затоа што со купување на јадењето може да ослободат време во денот што ќе го посветат за себе и за дружба со семејството. Додека да трепнете - децата пораснале, а убаво е да се има повеќе време за дружење со нив, да се напиете кафе со пријателките, но и да се релаксирате со убава масажа, а семејството сепак да добие свеж оброк навреме. Не мора домаќинката 24/7 да биде супер мајка, кога може да биде мајка која не е преморена од часовите поминати покрај шпоретот и од расчистувањето на хаосот во кујната. Едноставно, повеќе време за сите, а јадете зготвено како по рецептот на баба. 

Основата на здравата исхрана е да се јаде храна подготвена од состојки кои ги има во природата. Секогаш кога е можно да се јаде многу зеленчук и здрави извори на протеини. Сето ова, плус и вкусно и како подготвено дома – повелете пробајте го јадењето од кујните на Рептил.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top