Е-Б-Ф-Б
ФОЛКСВАГЕН И ФОРД ПРЕД ДОГОВОР ЗА ЗАЕДНИЧКИ РАЗВОЈ НА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА

блиц свет

„Преговорите се движат во добра насока и договорот за соработка е речиси готов“, ќе изјави главниот извршен директор на Фолксваген (Volkswagen) Херберт Диес во седиштето на компанијата пред 500 претставници на највисоките раководни структури на компанијата од целиот свет, најавувајќи го со тоа финалето на преговорите со компанијата Форд (Ford), кои веќе неколку месеци се одвиваат зад затворени врати. Според деталите кои се претставени на јавноста, двете компании ќе остварат заедничка инвестициска и иновативна единица за развој на автономното управување на автомобилите, што претставува исклучително голема долгорочна инвестиција за која двете компании досега покажаа компетитивна борба. Соработката доаѓа во период кога Форд ги намалува операциите во Европа, најавувајќи дека ќе затвори дури 12 илјади работни места во нејзините единици во: Русија, Франција, Велс, Шпанија и останатите места, со што се загрозува нивното присуство во Европа. Фолксваген, имајќи ја предвид широката експанзија во Кина, со овој договор ќе обезбеди стабилно присуство и во САД, особено важно по заострувањето на трговските односи меѓу двете земји.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top