Е-Б-Ф-Б
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ОДЛИЧНА ЛОКАЦИЈА ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ КАКО ШТО СЕ ПОКАЖА ВО ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ!


Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс заедно со министерот за странски инвестиции, Бардул Даути се во посета на Берлин каде што остварија средби со д-р. Волкер Трајер, директор на Германската комора за индустрија и трговија (DIHK) во Берлин, Хелге Толксдорф, шеф на одделението за проширување на ЕУ, Југоисточна Европа и Турција, Макси Хулсен, раководител на Одделението за Источна и Југоисточна Европа, Централна Азија во Германската комора за индустрија и трговија и Ања Квиринг, регионален директор на Источниот комитет- здружение на источна Европа на германското стопанство, во Берлин.

На тркалезната маса учествуваа и претставници од 6 германски компании, дел од нив се инвеститори во земјата и сакаа да се информираат за понатамошните можности за инвестирање, дел од компаниите сакаа да се запознаат со можностите кои ги нуди Северна Македонија за новите инвеститори. Северна Македонија е одлична локација за германските инвеститори како што се покажа во изминатите 10 години, германските компании кои работат во земјата се задоволни од условите, тие вработуваат повеќе од 20.000 лица, а веќе повеќето од нив официјално соопштија дека сакаат да ги големат своите инвестиции, како на пр. ОДВ Електрик, Костал, Кеслер- соопшти Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top