Општество
„SOCIAL FRIDAY“, ИНИЦИЈАТИВА КОЈА ВРЕДИ ДА СЕ ПОДДРЖИ

24.07.2019 година

Повеќе од една година амбасадорот Герберих ја поддржува иницијативата на швајцарската фирма БРЕОН и неговиот управител, Фикрет Зендели, „Social Friday„ овде, во Северна Македонија.

За прв пат, на 19 јули, еден германски амбасадор беше домаќин на настан во рамките на оваа иницијатива. Во партнерство со Полио Плус, движење против хендикеп, кое се ангажира за лица со посебни потреби, и фирмата БРЕОН, во резиденцијата на амбасадорот се сретнаа луѓе со и без хендикеп за да поминат опуштено попладне со графити и скара и разговори за сé она, што во денешното време нè занима.

Поопширни информации за иницијативата и нашите партнери може да најдете на следните линкови:
https://socialfriday.org/ http://www.polioplus.org.mk/

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top