Е-Б-Ф-Б
ЕПЛ СО 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЈАПАН ДИСПЛЕЈ

блиц свет

Веста ја објавуваат јапонските медиуми повикувајќи се на извештај од компанијата во кој се наведува финансискатa инјекција од 100 милиони долари од ЕПЛ, кој воедно претставува и негов најголем клиент за производите на компанијата – екраните со течен кристал. Токму транзицијата на ЕПЛ кон посовремените ЛЕД-екрани ја доведе компанијата во финансиски вакуум потребен за соодветна адаптација на производството за новите технологии. Финансискиот прилив од ЕПЛ доаѓа во последен момент, пред одлуката на компанијата да прогласи банкрот, и претставува само мал дел од потребната финансиска конструкција која се проценува на 750 милиони долари, инвестициска рамка за целосно заокружување на трансформацијата на производството на Јапан дисплеј. Иако официјалните лица на компанијата одбиваат да ги коментираат информациите, инвеститорите реагираа со силна доверба, па цената на акциите само првиот ден се искачи за 18 %, а севкупно за 32 %. Јапан дисплеј е формиран во 2012 година, со посредство на Владата на Јапонија, преку спојување на одделите за производство на екрани на: Хитачи (Hitachi), Тошиба (Toshiba) и Сони (Sony).

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top