Е-Б-Ф-Б
20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД ЕБРД ЗА ПРВАТА ФАРМА ВЕТЕРНИЦИ ВО КОСОВО

блиц свет

Средствата се наменети за изградба на првата поголема фарма ветерници во месноста Китка, во Источно Косово, наменета за зајакнување на електричната мрежа на земјата, како и за отстранување на нејзината длабока зависност од јаглен, што претставува основен извор на загадување во земјата. Подготвителните активности за проектот на Китка се веќе започнати од страна на Туркиш енерџи груп Гурис (Turkish energy group Guris), а по финализацијата ветерната фарма ќе располага со инсталирана моќност од над 30 мегавати што, според очекувањата и проекциите за годишното производство, треба да задоволи 1,4 % од потребите на Косово, намалувајќи ги со тоа емисиите на СО2 за над 80 илјади тони годишно. Поддршката од страна на ЕБРД доаѓа во вистински момент за земјата, имајќи ги предвид амбициите на владата до 2026 година да постигне инсталирана моќност од над 400 мегавати. Досегашната инсталирана моќност од обновливи извори на Косово изнесува 70 мегавати, реечиси целата од мали хидроцентрали. До денес ЕБРД има инвестирано над 370 милиони долари во преку 60 проекти на Косово. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top