Е-Б-Ф-Б
ПАРТНЕРСТВО НА УНИЦЕФ И ФОНДАЦИЈАТА ТЕЛЕКОМ ЗА МАКЕДОНИЈА

блиц Македонија

Целта е проширување на можностите за вклучување на децата и на младите со попреченост во дигиталното општество. „Дигитализацијата ќе донесе многу нови можности и целосна трансформација на општеството. Ние, како едни од главните носители на таа трансформација, имаме обврска да ја испорачаме најдобрата технологија, но и одговорност да создадеме фер услови. Партнерството со УНИЦЕФ е токму таква иницијатива за намалување на дигиталниот јаз за подеднакво вклучување на ранливите групи“ – изјави Никола Љушев, претседател на Фондацијата Телеком за Македонија. Партнерството се состои од две големи иницијативи кои ќе направат вистинска промена во животот на децата и на младите со попреченост. „Џенерејшн анлимитид“ („Generation Unlimited”) – јавен повик до млади иноватори од земјава за осмислување дигитални решенија за намалување на бариерите со кои децата и лицата со попреченост се соочуваат во образованието и во секојдневниот живот; и „Без граници“ – дигитална мапа за пристапност за лица со попреченост. Преку партнерството ќе се изработи дигитална мапа за пристапност со која луѓето ќе можат да се информираат и да ги посочат бариерите, но и позитивните примери на пристапност до: згради, пешачки патеки и премини, јавен превоз, паркинг, игралишта, тоалети итн. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top