Е-Б-Ф-Б
150 УЧЕСНИЦИ УЖИВАА ВО УБАВИНИТЕ НА ВЕВЧАНИ СО МАПА НА КУЛТУРАТА НА ЕУРОЛИНК

блиц Македонија

Како дел од активноста „Мапа на културата“, организирана од Еуролинк осигурување, 150 учесници го посетија селото Вевчани каде што ги пречекаа љубезните жители на селото, а искусниот водич им ги раскажа легендарните приказни за ова место. Учесниците ја започнаа прошетката од сретсело, додека водичот ја раскажуваше легендата за настанокот на селото. Легендата вели дека Вевчани е стара населба која ја основале браќата Калан и Алула. Тие биле примамени од убавината на Вевчанска Река, па основале две населби кои опстанале и до ден-денес. Мијачките корени ги направиле вевчанци вредни и вешти градители за што потврда се старите автентични македонски куќи кои пленат со својата убавина. Прошетката продолжи кон вевчанските извори следена од звукот на водата од седумте извори и приказната за надалеку познатиот Вевчански карневал, стар околу 1400 години. Активноста „Мапа на културата“ за запознавање на вистинските вредности на нашава татковина се одвива преку рамките на Платформата за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top