Интервјуа
НАЈГОЛЕМА ДОМАШНА GREENFIELD ИНВЕСТИЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ ВО БИТОЛА

Христо Кондовски
косопственик во СН Сообраќаен Центар

Што претставува СН Сообраќаен Центар?

Христо Кондовски:  СН Сообраќаен Центар претставува најголема домашна Greenfield инвестиција во последните 10 години во Битола каде што шест акционери стигнале до идеја да инвестираат во нов бизнис, односно во мултифункционален објект кој обединува повеќе дејности на една локација. СН Сообраќаен Центар е инвестиција на СН Осигурителен Брокер АД Битола вредна 5.5 милиони евра и беше започната во 2016 година. Овој центар е лоциран на Михаил Апостолски Дончо, Новачки пат – Битола. Нашата замисла ја реализиравме како повеќенаменски деловен објект изграден по најнови светски стандарди и е единствениот од ваков тип во Македонија.

 

Кои услуги се нудат во СН Сообраќаен Центар?

Христо Кондовски:  СН Сообраќаен Центар располога со различен спектар на услуги и тоа: станицата за технички преглед на лесни и тешки возила, автоматска перална за лесни и тешки возила, автомеханичарски и вулканизерски сервис, автосалон и овластен сервис на TOYOTA, автосалон на FORD, СН Центар за угостителство, како и тобако и кафетерија.

Во склоп на овој центар е и aдминистративна зграда каде што се сместени Осигурително брокерско друштво СН Осигурителен Брокер АД, Финансиско друштво СН Финансии, СН Центар за угостителство, Туристичка агенција ЈК Травел и Webiart Solutions – дигитален маркетинг и веб-софтверски решенија.

 

Зошто ја избравте токму Битола за овој центар?

Христо Кондовски:  Сметавме дека Битола има потреба од еден ваков центар каде што повеќе услуги се лоцирани на едно место. Иако 60% од клиентите на нашите компании се од Скопје и други градови во Македонија, сепак нашите акционери ја согледаа потребата од тоа ваков мултинаменски комплекс како СН Сообраќаен Центар да биде лоциран токму во Битола. Иако во денешно време иселувањето на младите е тренд во земјава, сепак време е Битола повторно да заживее и да стане еден од поголемите бизнис центри со компании кои работат и се опремени по најновите светски стандарди со што младите би имале просперитет тука, на “домашен“ терен. Потребно е да се поттикне економскиот развој во Битола, како и развојот на индустријата и индустриските капацитети, а СН Сообраќаен Центар има големо значење во севкупниот развој.

 

Кои се Вашите планови со СН Сообраќаен Центар за во иднина?

Христо Кондовски:  Планирани се 150 вработени во СН Сообраќаен Центар со што би се намалила невработеноста на локално ниво, а тоа би било бенефит за економијата во Битола.

Нашата стратегија е да вработуваме  млад високообразуван стручен кадар со големи амбиции за успех. Интересен факт е тоа што во една од компаниите во нашата групација просечната возраст на вработените е 24 години. Младите луѓе претставуваат движечка сила на позитивните промени во општеството и нашиот центар се стреми кон тоа да ги поддржи и дa им овозможи понатамошен професионален развој во нивната стручна област.

СН Сообраќаен Центар цели да стане синоним во Пелагонискиот регион за квалитетна и брза услуга за сите свои дејности и услуги кои ги нуди.

 

Која е визијата и мисијата на СН Сообраќаен Центар?

Визија:

Христо Кондовски:  СН Сообраќаен Центар цели да стане синоним за квалитетна, ефикасна и брза услуга за целосниот спектар на дејности со постојано инвестирање во најсовремена опрема и онлајн технологија која е во чекор со светските трендови, како и вложување во нови знаења и обучување на нашиот млад професионален и перспективен кадар кој посветено ќе се грижи за клиентите. 

Мисија:

Христо Кондовски:  СН Сообраќаен Центар обединува спектар на различни услуги кои се меѓусебно поврзани со цел да им ги олесни сите потребни процеси на граѓаните за одржување и грижа на моторните возила. Една единствена локација за да се завршат сите потребни формалности.

Преку квалитетно задоволување на потребите на граѓаните овозможуваме развој и раст на компанијата, а со тоа и целосен економски и индустриски развој на градот.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top