Општество
ПУРПУРЕН ДОЖД

Емануел Рембер, директор на Францускиот институт во Скопје
Економија и бизнис - АРХИВА

Сега треба да зборуваме за воздухот и за штетните честички во него. Сите ние понекогаш минуваме низ периоди на длабока тага, на живост и на потиштеност, на возбуда и на депресивни состојби од секаков вид. Но, сенките излегуваат од своите наметки за да зборуваат за загадувањето.

Токму во зима се случува овие размислувања да ми се разиграат и да ми ги поклопат мислите, а и да не можеме веќе да дишеме. Ајде да направиме нешто.

Можеби е невообичаено колумнист да пишува за стварноста, онаа што ја вдишуваме. Вообичаено претпочитаме акварели, каталози на мириси и впечатоци или каприциозни занесувања.

Навистина многу размислував за оваа колумна: дали да ви здодевам со пурпурниот дожд и со мирисот на сулфур во загадениот град? Да, сегашноста, иднината, нашите деца, тоа е единствената човекова стварност. Знам дека оваа колумна нема да го натера безначајниот седумдесетгодишник да се вљуби, ниту пак благородникот да стане слуга, но ајде да направиме нешто.

Бурата од информации често нè спречува да запреме. Да бидеме искрени, нели повеќе ни се допаѓа еден чист бран, лелеењето на лист од грмушка, крилцето на една птичка, ведрата петочна временска прогноза сè уште непоматена од некакво ветре, отколку загадувањето во големите градови од Северна Македонија за време на викендот?

Се чувствувам празно и уморно кога зборувам на оваа тема. Ми пречи тоа што треба да ви зборувам за пурпурен дожд и за загадување. Понекогаш се враќам од градови чиј воздух содржи помалку чист воздух отколку тунелите дијаманти. Ах! Франција, Северна Македонија, земји мои, прекрасни татковини мои што со задоволство би ги испратил во рајот, но под еден услов: воздухот таму да биде чист.
Сега кога ја подотворив вратата кон полињата шибани од ветровите, седнат на тераса во Дебар Маало, помислувам на мојата Нормандија во која сум роден, каде што пораснав. Таа поприма облик на спомени или стремеж кон мирисни морски брегови. На радио ја слушам „Пурпурен дожд“ („Purple rain“), Принс. Виолетова, пурпурна боја. Осумминутна балада набрекната од воздржана енергија. Совршена и вдахновена мелодија, едноставен, но обземачки рефрен, неверојатен почеток, грандиозен оркестрален крај... – Коинциденција?

(Економија и бизнис, печатено издание, мај 2019 година)

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top