Е-Б-Ф-Б
КАКО ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА?

Мирче Јовановски, новинар
Економија и бизнис - АРХИВА

Граѓаните стравуваат дека либерализацијата ќе доведе до поголеми сметки за струја. Што велат надлежните?
Првиот човек на АД ЕСМ, Драган Миновски, вели дека во однос на цената на електрична енергија и воведувањето на правото на избор може да се очекува само позитивно да влијае врз цените што овие категории потрошувачи ќе ја плаќаат за потрошената електрична енергија. Законот исто така предвидува постепено намалување на испораките на електрична енергија од страна на АД ЕСМ кон универзалниот снабдувач, што е алатка повеќе за контрола врз цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, но и голем предизвик за АД ЕСМ уште повеќе да работи на намалување на својата производна цена со што индиректно ќе влијае на зачувување на ценовното ниво и во иднина.

ВЛИЈАНИЕТО НА ЕЛЕКТРОМОБИЛИТЕ ВРЗ ПРЕНОСНИОТ СИСТЕМ

„Важно е да се спомене и дека со новиот закон се овозможува и потрошувачите да произведуваат електрична енергија од обновливи извори, односно од пасивни потрошувачи да преминат во една друга категорија на учесници на пазарот, „prosumer“ потрошувачи, но во исто време и производители, односно активни чинители на пазарот со електрична енергија со што ќе можат дополнително да влијаат на намалување на севкупните трошоци за енергија.
Понатамошната либерализација на пазарот на електрична енергија, исто така, има индиректни влијанија и врз другите економски сектори кои поттикнуваат зголемена продуктивност водена од конкуренцијата во енергетскиот сектор и пониски цени на електрична енергија“, вели Миновски.

ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА ТЕМА НА МАКЕДОНСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ ФОРУМ

Вицепремиерот Кочо Анѓушев нагласува дека две години цената на струјата е стабилна, а имаше и мало намалување од половина процент. Нагласува дека законското решение со универзалниот снабдувач овозможува заштита на потрошувачите од евентуални ценовни шокови.
„ЕСМ годинава ќе мора да му понуди на универзалниот снабдувач најмалку 80 отсто од годишните потреби за електрична енергија, наредната година најмалку 75 отсто итн. до 2025 година кога треба да обезбеди најмалку 30 отсто. Но, тоа не може да биде во недоглед. Ако цената на пазарот оди нагоре, се разбира и ние тоа ќе мора да го следиме. И обратно, ако оди надолу бенефит ќе имаат и граѓаните. Дали другите 20, 30, 40 отсто итн. ќе бидат поскапи или поевтини ќе зависи од цената на електричната енергија на берзата, а крајната цена ќе се прави како микс од тие две компоненти“, вели Анѓушев.

НОВИ ФИЛТРИ ВО РЕК БИТОЛА

(Економија и бизнис, печатено издание, мај 2019 година)

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top