Општество
ДЕН ПОСВЕТЕН НА ВИСОКОТЕХНОЛОШКИТЕ ПРИДОБИВКИ И ФРАНЦУСКАТА УМЕШНОСТ ВО ОБЛАСТА НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА


Во рамките на француско-македонската соработка, Амбасадата на Франција и Јавното претпријатие за државни патишта организираат ден посветен на високотехнолошките придобивки и француската умешност во областа на патната инфраструктура. Овој настан ќе обедини педесетина француски и македонски професионалци околу проблематиката поврзана со патиштата. Денот ќе биде можност за француските експерти да го споделат своето знаење со нивните македонски колеги. Претставници на француските компании „Freyssinet“ и „Sixense“, подружници на „Vinci“, како и „Selenizza“ и „Egis“ ќе допатуваат специјално од Франција за да презентираат дел од најнапредните технологии во оваа област.

Настанот е поддржан од Амбасадата на Франција и француската Генерална Управа за финансии и е организиран во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, како дел од новата Француска стратегија за Западен Балкан, објавена од претседателот Макрон на неформалниот Самит во Берлин.

Настанот ќе се одржи во среда, на 19 јуни 2019 година, од 8:30 до 14:00 часот, во седиштето на Јавното претпријатие за државни патишта (Даме Груев, бр. 14 - 1000 Скопје).

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top