Е-Б-Ф-Б
ТРИГЛАВ СО РАСТ НА ПРОДАЖБАТА И НА ДОБИВКАТА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2019 ГОДИНА

блиц свет

Во првите три месеци од 2019 година, Групацијата Триглав оствари продажба од 317 милиони евра бруто-консолидирана премија, што е 8 % повеќе во споредба со истиот период минатата година. Овој раст овозможи раст на консолидираната бруто-добивка исто така за 8 %, која изнесува 29,9 милиони евра и имајќи ги предвидените околности соодветствува со динамиката на планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019 година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување, постигнувајќи 52 % пораст во бруто-полисираната премија во доменот на приватното доброволно здравствено осигурување.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top