Е-Б-Ф-Б
ОТВОРЕН АКЦЕЛЕРАТОРОТ УКИМ, МОЖНОСТИ ЗА ИНОВАТОРИТЕ

Александар Стамболиев
Авторот е директор на Акцелераторот УКИМ

Стартап, инвеститор, иновација, акцелератор, инкубатор, научно – технолошки парк....многу нови зборови кои ги слушаме наоколу. Ајде да се осврнеме на мотивираноста која ги охрабрува претприемачите да бидат дел од тимот на иноватори и да креираат технолошко напредни бизнис решенија за глобалниот пазар.

  1. Иноватор - Претприемачите имаат поинакви ментални и професионални вредности од вработените лице, бидејќи постојано сакаат да наоѓаат иновативни и оригинални решенија на проблемите и се принудени да извлечат максимум од своето време и работа. Иновацијата е повеќе од креативност. Тоа е акција и реакција, решавање на проблеми на нов, просветен начин. Секој успешен почеток треба да ги идентификува мотивираните иноватори, и ако ги пронајдете вистинските, преку учење ќе создадете многу нови вредности.
  2. Напорна работа, сопственост и самоодржливост - напорната работа, креативното размислување и издржливост се вредни во целина. Откако сте создале нешто свое, нешто материјално и целосно, нешто што можете да го допрете, чувствувате или користите, навистина почнувате да ја цените личната сопственост. За оние кои активно не создаваат или континуирано создаваат за други, тешко е да ја разберат големата важност на личната сопственост и слободата што е потребна за да се содата таа сопственост. Работејќи во стартап и ширење на вестите за производот на вашиот тим, производ во кој вие помогнавте за да се создаде, ја вбројува вредноста на таа сопственост и ви дава гордост во вашата работа, но и ќе ве учи за важноста на заштитата на оние кои создаваат иновативни решенија и ризикуваат. Вие и вашиот мал тим се единствените луѓе одговорни за вашиот успех, а тоа е најголемата мотивација. Природната желба да биде самоодржлив се зголемува и множи, предизвикувајќи став „направи или умри", што често е разлика помеѓу успехот и неуспехот.
  3. Успех - Ако работите во голема компанија, целата ваша напорна работа може да биде игнорирана од надредениот или некој друг ќе ги доби заслугите. Но, во стартап, скоро е невозможно да не се забележи добро завршена работа или да се види кога ќе потфрлите. Во рок од неколку дена, ќе ви биде забележано заостанувањето и намалувањето, а остатокот од тимот ќе се запрашаат зошто тие работат понапорно отколку што треба. Останете фокусирани, мотивирајте го тимот и вашите успеси ќе бидат препознаени а вашите неуспеси ќе се минимизираат.  
  4. Одговорност - работа во стартап најверојатно значи дека сте дел од многу мал тим, и најверојатно никој друг во тимот не ги поседува вашите вештини, го има истиот пристапи кон решавање проблеми, или дури размислува на ист начин.
  5. Можности - работата во стартап нуди поинаков вид на награда: систем заснован на стимулации кој не се базира на денари, туку во стекнатите вештини и искористени можности. Искуството со кое ќе се стекнете ќе го надмине вашето очекување за плата.
  6. Различности  - Стартапот ќе ви овозможи да се обидете да направите многу различни работни процеси, наспроти специјализација во една област и неможност  да истражувате други работни процеси.
  7. Работна атмосфера - Стартап заедницата е одлична, тесно поврзана група. Сите околу вас, луѓето доаѓаат со иновативни решенија за постоечките проблеми или создавање на нова алатка која го поедноставува или го подобрува животот на некој начин. Овој претприемачки дух е заразен. Сите други кои работат во стартапот, го имаат истиот мотив и возбуда за создавањето, како и вие.
  8. Скромност - раководење со стартап веројатно значи дека буџетот со кој што располагате е многу ограничен бидејќи постојано ќе размислувате за сите начини како да направи повеќе со помалку. Оваа скромност и монетарна одговорност несомнено ќе се кршат и во сопствениот живот, и ќе завршите со изнаоѓање нови начини да пронајдете исполнување, освен да ги запалите парите што ги заработувате. Наместо тоа, веројатно ќе откриете радост во креирањето и вршењето, наместо конзумирање. Ќе најдете среќа да бидете дел од тим кој се обидува да ги олесни животот на другите луѓе, да се забавува и да се контролира. Целиот ваш живот ќе го преземе значењето на создавањето, и ќе бидете понапонски, и физички и ментално, да преземете нови хоби и да започнете свој личен проект. Стартап светот се грижи за создавање на повеќе и конзумирање помалку.

Доколку ги имате потребните вештини, сте мотивирани да истражувате и да креирате нови иновативни решенија за постоечките или за проблемите од иднината, добредојдовте во Акцелераторот УКИМ. 

Деловно – технолошкиот акцелератор УКИМ е воспоставен со цел да се идентификува и да го поддржи растот и конкурентноста на најмногу ветувачките технолошки претприемачи, стартапи, спин-офи и нивниот пристап до глобалнио пазар. Поддршката вклучува приспособени програми за пред-акцелерација и акцелерација, инвестиции во рана фаза и пристап до меѓународни пазари, мрежи и заедници. Акцелератор УКИМ е основан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“– Скопје како водечки партнер; Развојната фондација Кримсон Скопје; Центарот за развој на претприемачи и менаџери -ЦЕЕД Хаб Скопје; Фондација „Проф. д-р Димитар Стамболиев“; како и РСМ, а кофинансирани од националнио фонд за иновации и технолошки развој. Тој е прв од ваков вид акцелератор во земјата кој ги комбинира стручноста на: најголемиот и технолошки напреден универзитет во Македонија, инвестициски фонд, финансиски советодавни организации и институции за поддршка на бизнисот.

Кај нас можете да ги надградите вашите вештини и компетенции преку учество во следниве програми:

- Пред-акцелераторска програма: ќе ги идентификува и поддржува најперспективните деловни идеи меѓу студентите и спин-оф компаниите од УКИМ, со цел да им помогне да ги структуираат идеите во потенцијални стартапи и да ги подготви за акцелераторската програмата и инвестициите.

- Акцелераторската програма: е интензивна тримесечна програма за обука и менторство која ќе ги води технолошки заснованите стартапи да станат способни за инвестирање во ним и да ги подготви за пазарот. Оваа програма ќе биде насочена кон стартапите кои имаат потенцијал за остварување на приходи. Стартапите ќе бидат водени низ сите фази на развој на бизнисот, вклучувајќи развој на производ / услуга, значењето на тимот, вредноста на иновацијата, пазарна стратегија, пристап до клиентите, бизнис модел, стратегија за финансирање итн.

Најдобрите бизнис идеи ќе имаат пристап до инвестиции во вашите стартапи во форма на капитален и / или должнички инструменти, или нивна комбинација. Услови за финансирање ќе бидат прилагодени за да одговараат на можностите, секторот, пазарот, и тоа во висина од:

  1. Иницијално инвестирање: во износ до 25.000 евра што се користат за дизајн и развој на производи и / или рано генерирање на приходи.
  2. Последователно инвестирање во износ од 25.000 до 75.000 евра за зголемување на бизнисот, освојување на нов пазар и / или раст на приходите.

Освен финансирањето, Акцелераторот УКИМ активно ќе ги поддржува финансираните стартапи овозможувајќи им континуиран развој, освојување на пазарот, вмрежување и обезбедување финансиски средства за понатамошни инвестиции.

Кога говориме за потребните услови за развој на нови производи и услуги, кои имаат за цел да ги задоволат потребите на клиентите и на индустријата, треба да ја откриеме мотивираноста зошто би сакале да бидеме дел од тимот на иноватори и преприемачи и да основаме еден стартап, наспроти работи во традиционалната индустрија.

(Економија и бизнис, печатено издание, март 2019 година)

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top