Е-Б-Ф-Б
ЕВН ХОУМ Е НОВИОТ УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

блиц свет

ЕВН ќе биде новиот универзален снабдувач, сите домаќинства и мали претпријатија кои нема да изберат снабдувач на либерализираниот пазар ќе бидат снабдувани од универзалниот снабдувач. За оваа цел ЕВН ќе формира нова компанија која ќе се вика ЕВН ХОУМ (EVN Home). ЕВН беше избрана како најповолен понудувач на јавното наддавање и ќе ги снабдува корисниците кои нема да излезат на отворениот пазар во наредниве пет години. „ЕВН има големо искуство во енергетскиот сектор, а ние тоа го докажуваме на македонскиот пазар во последниве 12 години. На нашите корисници им нудиме придобивки и најнови трендови од оваа област и со тоа придонесуваме за позитивниот развој на пазарот. Фокусот кон корисниците и понатаму ќе остане наш приоритет, а ние ќе им понудиме квалитетна услуга како што се: нашиот Кол центар достапен 24/7 на три јазици, електронско плаќање и многу други електронски услуги“, изјави Штефен Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top